You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.
Индоор Гарден ДООЕЛ

нема отворени работни позиции

За компанијата

Indoor Garden е компанија која креира мали декоративни градини за ентериер инспирирани од уметноста на флората, нејзината посебна енергија, сила и позитивни емоции.
Светскиот проблем со загадувањето и потребата за делување во корелација со животната средина, забрзаниот стил на живот, фактот дека луѓето голем дел од времето поминуваат во затворен простор и потребата за внесување на дел од природата во ентериерот се главните движечки фактори за формирање на Indoor Garden.
Зад Indoor Garden се наоѓа тим од ентузијасти, чија цел е да ја внесат оваа зелена уметност во животот на луѓето. Флората, сама по себе, со нејзината природна убавина го истакнува карактерот на секој ентериер, а малите градини како украсен елемент во дизајнот на ентериерот, денес доживуваат вистинска ренесанса. Тие можат во целост да го променат ентериерот претворајќи го во инспирирачки и енергичен простор. Помагаат во изразување на стилот и карактерот на сопствениците, а истовремено овозможуваат да ја приближиме природата до себе и најдоброто од неа.
Освен, естетско уживање и разубавување на просторот, малите градини овозможуваат да се уживаат придобивките од растенијата преку ефикасното филтрирање на воздухот, а истовремено помагаат во опуштање и фокусирање, што доведува до зголемена продуктивност, креативност, генерирање на идеи и подобрување на квалитетот на животот.

Поврзани огласи

Оствари контакт со Индоор Гарден ДООЕЛ
 
 
Коментари
Внеси оцена и препорака