You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

Правила и услови за употреба на CareerHUB -

Со самата најава на CareerHUB платформата се смета дека ги прифаќате правилата и условите за користење на платформата.

CareerHUB е платформа која ги поврзува потенцијалните работодавачи-баратели на услуги со кандидатите-баратели на работа за вработување, хонорарен ангажман, волонтирање, пракса или слично, со цел побрза и полесна достапност и размена на информации за двете засегнати страни.

CareerHUB прави размена на податоци и информации помеѓу работодавачите-баратели на услуги, кои објавуваат оглас за вработување или некаков друг ангажман и се во потрага по волонтери, практиканти, соработници, вработени од една страна, и физички лица кои бараат вработување, хонорарен ангажман или пракса од друга страна кои приложуваат свои лични податоци и информации со цел пронаоѓање на работно место или друг ангажман.

Дефиниции на често користени поими и изрази

Под работодавач-барател на услуги се смета секое правно или физичко лице кое ја користи платформата и кое согласно одредбите од Законот за работните односи, Законот за волонтерство, Закон за практиканство или Законот за облигационите односи бара лица за ангажирање, волонтирање, пракса, склучување на договор за вработување и слично.

Под кандидат-барател на работа се смета секое физичко лице кое ја користи платформата  со цел да најде вработување, хонорарен ангажман, волонтерство или пракса во согласност со одредбите од Законот за работните односи, Законот за волонтерство, Закон за практиканство или Законот за облигационите односи.

Под работно место се смета секое работно место како што е вработување, волонтерство, пракса, ангажман или стручно оспособување без засновување на работен однос и слично.

Под лични податоци се подразбираат податоци и  информации кои се однесуваат на идентитетот на физичкото лице или физичко лице кое може да се идентификува, а чии што лични податоци се заштитени со одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

Правила кои се однесуваат на корисниците баратели на работа

За да може да ја користи платформата CareerHUB, корисникот кандидат потребно е да креира кориснички профил и на тој начин се регистрира на платформата.

Барателот на работа може да го користи профилот исклучиво за информирање, барање и наоѓање на слободни работни места.

Доколку барателот на работа го користи својот профил за некоја друга цел, спротивна од онаа за која е наменета платформата, (како на пр. промоција и продажба на производи и сл.) CareerHUB ќе го блокира профилот и истиот ќе го отстрани од платформата.

Правила кои се однесуваат на корисниците работодавачи-баратели на услуги

За да може да ја користи платформата CareerHUB, корисникот работодавач-барател на услуги потребно е да креира кориснички профил и на тој начин се регистрира на платформата. Работодавачите на својот профил доброволно внесуваат податоци за назив на компанија, поле на дејност, опис на компанијата и слично.

Работодавачите кои се регистрирани на платформата можат во секое време да објавуваат оглас, да следат статистика на посетеност на огласите кои ги објавиле, да пребаруваат по апликациите доставени на огласот од корисниците баратели на работа.

CareerHUB може во консултација со работодавачот да го модифицира огласот или да направи измени во смисла на поправање на правописни грешки, може да го избрише огласот доколку истиот е нецелосен, содржи навредливи, несоодветни, неморални или дискриминирачки содржини кои се спротивни на Уставот и законите во РСМ, како и доколку со огласот се врши самопромоција на компанијата.

Заштита на личните податоци

По извршената регистрација и активирање на корисничкиот профил (преку линк испратен до внесениот е-маил на корисникот) корисниците-баратели на работа, во дадените формулари доброволно внесуваат одредени лични идентификациски податоци.

Со користењето на CareerHUB платформата односно со самото креирање на корисничкиот профил, корисниците-баратели на работа даваат согласност да се собираат и обработуваат нивните лични податоци.

Корисниците-баратели на работа внесените лични податоци како име и презиме, е-маил, линк до своите социјални мрежи, податоци за лични вештини, образование, претходни вработувања и слично, ги прават да бидат видливи за корисниците работодавачи, на чии што огласи барателите на работа конкурираат.

Во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци, дадената согласност за собирање и обработкна на личните податоци се дава исклучиво со цел аплицирање на огласите за работни места, вршење на други активности кои се строго поврзани со аплицирање на огласи на работни места и истите неможе да се употребат за друга цел. Употребата на личните податоците за било која друга цел (копирање, дистрибуција и сл) без согласност дадена од CareerHUB платформата или барателите на работа е строго забранета и за истата CareerHUB  ќе ги извести сите надлежни институции со цел да се превземат соодветни мерки.

Корисниците-баратели на работа можат во било кој момент да ја повлечат дадената согласност за собирање и обработка на нивните лични податоци односно да го деактивираат својот кориснички профил, без никакво дополнително објаснување.

Одговорност за точноста на податоците 

CareerHUB платформата не е одговорна, ниту пак ја гарантира точноста на достапните лични податоци, образование, контакти, квалификации, карактеристики и сите останати информации наведени од страна  на барателите на работа како и податоците наведени во огласите од страна на работодавачите-баратели на услуги.

CareerHUB платформата не е одговорна за нанесување на било каква штета ниту на барателите на работа, ниту на работодавачите што би можела да им се нанесе со злоупотреба на погрешни податоци од страна на барателот на работа, работодавачот или трети лица. Со самото користење на платформата, барателите на работа и работодавачите се одрекуваат од барање на било каков надомест за штета, материјална или нематеријална.

Бришење на вашиот профил и вашите лични податоци

Корисниците имаат право да го избришат својот профил на CareerHUB во било кој момент. Бришењето на профилот можете да го направите сами преку мобилната апликација CareerHUB или да побарате од тимот на CareerHUB да го избрише вашиот профил. За да побарате бришење на вашиот профил ве молиме контактирајте не на careerhub@mladihub.mk  По бришењето на профилот сите ваши податоци ќе бидат трајно избришани.

Авторски права

Изгледот на CareerHUB платформата, содржината, цртежите, табелите, изгледот на огласите, компјутерските програми, табели, скици и сл. се авторско дело и се во сопственост на CareerHUB. Истите како такви се заштитени со Законот за авторски и сродни права.

 Измена на правилата и условите за употреба

CareerHUB го задржува правото да ги менува и дополнува условите и правилата на употреба, во кое било време и секоја измена влегува во сила веднаш по нејзиното објавување на нашата платформа. Понатамошниот пристап и користење на платформата по објавените измени значи дека корисникот ги прифаќа истите.