You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Ги замолуваме корисниците на CareerHUB платформата внимателно да ја прочитаат Политиката на приватност, со цел да бидат запознаени како се користат податоците и информациите што CareerHUB ги собира од нив. Со Вашиот пристап и со користењето на оваа платформа, Вие како корисник изјавувате и потврдувате дека сте се запознале и во потполност сте ги разбрале условите и начинот за користење на оваа платформа и Политиката за приватност и ја давате својата согласност за собирање, користење и употреба на вашите лични податоци. Доколку не ја прифаќате нашата Политика за приватност и не се согласувате со условите за  користење на нашата платформа, Ве молиме да не пристапувате и да не ја користите истата.

СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД КОРИСНИКОТ

Со самото пристапување и вклучување кон оваа платформа, од вас како корисник ќе бидат побарани одредени лични податоци. Во зависност од активноста некои од податоците се задолжителни, а некои се доброволни. Доколку корисникот не достави некој податок што е задолжителен нема да може да ја користи оваа платформа.

Корисникот на платформата гарантира за точноста на внесените податоци. CareerHUB не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.  Со самото прифаќање на платформата се смета дека корисникот слободно и изречно се согласува со обработката на неговите лични податоци. Кога корисникот ќе ја посети платформата, CareerHUB може автоматски да ги собираат неговите лични податоци, со помош на достапните електронски алатки.

Прибирањето на вашите лични податоци собрани преку платформата е во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со останатите важечки прописи во РСМ. Целта за собирање на лични податоци е поврзување на потенцијалните работодавачи со кандидатите за хонорарен ангажман, вработување, волонтерство, пракса или слично. Вашите лични податоци ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани и истите нема да се користат за друга намена. Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука заснована на закон.

БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Вие како Корисник може да пристапите до своите лични податоци на нашата платформа со внесување на своето корисничко име и лозинка, кои треба да се разликуваат и ќе ви бидат познати единствено вам. Препорачуваме лозинката да биде составена од комбинација на најмалку осум алфанумерички карактери, букви (мали и големи), симболи, броеви и интерпукциски знаци и никому да не ја откривате истата. Не заборавајте да се одјавите од вашиот профил кога ќе завршите со користење на истиот. Ова е за да се обезбеди дека другите нема да можат да пристапат до вашите лични податоци и иформации, доколку делите компјутер со други лица или користите компјутер на јавно место.

Секогаш кога CareerHUB платформата се служи со вашите лични податоци и информации, ги превзема сите чекори кои се наведени во оваа политика со цел да обезбедиме вашите податоци да се третираат целосно безбедно.

СПОДЕЛУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

CareerHUB ги споделува податоците и информациите на корисникот со неговите соработници со цел остварување на целта за која се собрани истите.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

CareerHUB презема мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци на корисниците во согласност со позитивните законски прописи. Со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки со цел да се обезбеди заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, губење, менување, неовлaстено откривање на личните податоци или неовластен пристап до преносителите како и заштита од какви било неовластени и незаконски облици на обработка во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Целокупната документација за софтверските програми за обработка на личните податоци и сите негови промени се евидентира и чува во согласност со Правилникот за безбедност на обработка на личните податоци. За да се обезбеди сигурност на личните податоци на корисникот, истите се чуваат на сервер на кој можат да пристапат само лица кои имаат овластување за пристап, при што се врши енкриптирање на одредени чувствителни податоци и информации. Сепак, мора да се напомене дека ниту еден пренос на податоци преку Интернет или која било безжична мрежа не може да биде целосно сигурен. Како последица на тоа и покрај тоа што се преземаат разумни мерки за заштита на личните податоци, не може да се гарантира апсолутна заштита на која било информација пренесена на или од нашата платформа.

АЖУРИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ

Корисниците можат во секое време да извршат промени односно да направат ажурирање на податоците и информациите наведени во својот профил.

БРИШЕЊЕ НА ВАШИОТ ПРОФИЛ И ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Корисниците имаат право да го избришат својот профил на CareerHUB во било кој момент. Бришењето на профилот можете да го направите сами преку мобилната апликација CareerHUB или да побарате од тимот на CareerHUB да го избрише вашиот профил. За да побарате бришење на вашиот профил ве молиме контактирајте не на careerhub@mladihub.mk  По бришењето на профилот сите ваши податоци ќе бидат трајно избришани.

СЛЕДЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ - “Cookies”

Поради подобрување и унапредување на функционалноста на платформата и нејзино прилагодување кон потребите на корисници на истата, CareerHUB може да употребува “Cookies” или слични технологии за следење на информации за посетителите.“Cookies” се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата-платформата, но не се поврзуваат со вашите лични податоци кои сте ни ги доставиле. Лични податоци не можат да се прибираат преку cookies или друга технологија за следење, но истите се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на движењето и број на посетители  на платформата како и употреба на платформата од страна на посетителите.

На платформата има само одреден тип на “Cookies” кои што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што истиот има поставено во интернет пребарувачот. Корисниците може да изберат да ги одбијат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од платформата може да не функционираат како што е предвидено.

Со користењето на нашата платформа, со прифаќање на “Cookies” и политиката за приватност, вие изречно давате согласност за употреба на “Cookies” или други слични технологии за следење, како што е опишано во оваа политика за приватност.

ПОЛИТИКИ ЗА ПРИВАТНОСТ НА ТРЕТИ СТРАНИ

Оваа Политика за приватност се однесува на собирање, заштита, споделување и употреба на податоците и информациите кои ние ги собираме од вас како корисник преку CareerHUB платформата.

Доколку ги користите екстерните линкови на нашата платформа со цел да пристапите до веб-страните на трети лица, треба да знаете дека тие веб-страни не се предмет на Политиката за приватност на CareerHUB, така што ние не сме одговорни за нивното работење. Доколку одлучите да ги употребувате екстерните линкови на нашата платформа, пред да пристапите на некоја од веб-страните претходно проучете ја политиката на приватност на веб-страната на третото лице, начинот и условите на работење на нивната веб-страна, бидејќи тие имаат свои сопствени политики на приватност како и своја заштита и користење на податоците.

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ ЗА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Со оглед на фактот што една од целите на CareerHUB платформата е засновување на волонтерски ангажман, корисници на платформата може да бидат лица кои имаат навршено минимум 15 години, согласно одредбите од Законот за волонтерство и Законот за работните односи.

За да пристапите кон користењето на платформата потребно е да изјавите дека имате наполнети најмалку 15 години. Доколку дојдеме до сознание дека корисник на платформата е лице кое нема наполнето 15 години, веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него.

ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Политика за приватност може да биде изменета и дополнета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Секој корисник ja има одговорноста периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита евентуалните измени. Пристапот и продолжувањето на користење на нашата платформа од страна на корисникот, по влегувањето во сила на извршените измени, подразбира дека корисникот ги прифаќа измените, дополнувањата и условите што се наведени во изменетата Политика на приватност.

КОНТАКТ

Доколку имате прашања или коментари во врска со Политиката на приватност или  во врска со употребата на вашите лични податоци, ве молиме истите да ни испратите во електронска порака на адресата за заштита на личните податоци на следната е-маил адреса careerhub@mladihub.mk