За компанијата
Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Името е инспирација која произлезе од визијата на оваа организација, која треба да биде гласот на младите кои ќе бидат сослушани и ќе прават промени и придонеси во општеството. Крик се стреми кон поттикнување на поголема партиципација на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целна група која Крик работи со се сите млади луѓе 13-30 исто така и млади луѓе со помалку можности, групи социјално исклучени од општеството и млади лица со сетилна и интелектуална попреченост.
Опис на работната позиција
Ја координира работата на негувателите и врши стручна работа во насока на ефективно ,ефикасно и економично работење,и реализација на поставените цели и надлежности за станбените единици.
Место на извршување на работните обврски: канцеларија на ЦМА Крик во Црниче и местото каде станбените единици се-Аеродром.
Почеток на работата: крај на мај 2023 година.
Почетна плата: 44 903 бруто плата, 30 000 нето плата. Можност за покачување на месечна плата доколку во иднина се отвори и 4та станбена единица.
Како да се аплицира:
Ве молиме, испратете кратка биографија и мотивационо писмо на е-адресата: employmentkrik@gmail.com
Работни обврски
- Ја насочува, обединува и координира работата на вработените и ги распоредува работните задачи на вработените во 3 станбени единици (вкупно 12 негуватели и 1 физиотерапевт)
- Ја координира севкупната логистика која е потребна да се организира за да станбените единици функционираат секојдневно и ги опслужуваат услугите на корисниците (нарачка на храна, подигање на медикаментозна терапија, комуникација со здравствени службеници).
- Го прати интелектуалниот, психомоторниот и социјалниот развој како и можностите за работно окупационо ангажирање на корисниците и изготвува годишен и месечен план за работа на членовите од стручниот тим за третман на корисниците ,
- Го следи реализирањето на планот, ги насочува активностите и врши анализа на постигнатите резултати при што предлага мерки за подобрување на ефикасноста во делокругот на својата работа.
- Се координира и информира со тимот на Крик за текот и резултатите од третманот на корисниците.
Потребни квалификации
- да има искуство во работа со лица со попреченост
- да има добри координативни и организациски способности
- Задолжително е високо образование во областа на: Социјална работа, психологија, специјална едукација, логопедија, правни науки и педагогија. Лицето кое ќе биде вработено, мора да има диплома од некои од дадените факултите.
- Видот на образование е потребен поради стекнување со општа лиценца за вршење стручни работи во установа за вон-семејна заштита и кај други даватели на социјални услуги (живеење со поддршка, во домот, во заедницата и советување).
- Лица пред дипломирање (завршени испити, но без дипломски труд) нема да бидат земени предвид.
Тип на работа
Полно работно време
Плата
44903 денари месечно
Категорија на работа
Друго
Вештини и знаење