You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Името е инспирација која произлезе од визијата на оваа организација, која треба да биде гласот на младите кои ќе бидат сослушани и ќе прават промени и придонеси во општеството. Крик се стреми кон поттикнување на поголема партиципација на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целна група која Крик работи со се сите млади луѓе 13-30 исто така и млади луѓе со помалку можности, групи социјално исклучени од општеството и млади лица со сетилна и интелектуална попреченост.

Опис на работната позиција

Бараме Координатор на волонтери од Европски солидарен корпус и Ерасмус програмата.

Работни обврски
Доколку сте заинтересирани аплицирајте на employmentkrik@gmail.com со кратка биографија и мотивационо писмо најдоцна до 20ти септември 2022. Во описот наведете ја позицијата за која аплицирате.
Потребни квалификации
-Универзитетска диплома се смета за предност, но не е задолжителна (пожелно социјална работа, психологија или специјална едукација) или релевантно искуство;

-Компетенции за успешно и професионално спроведување на младински програми;

-Да фацилитира сесии на различни теми за различни целни групи на млади;

-Познавање од проектен менаџмент, навремено завршување на задачите и добра работа во тим;

-Познавање на програмите Ерасмус-дел млади и Европски солидарен корпус. Директна работа со програмите (како дел од организација, а не посета на едукативен настан или волонтирање) се смета за предност, но не е задолжителна.

-Добро развиени комуникациски и фацилитациски способности.
Тип на работа
Полно работно време
Категорија на работа
Друго
Друго
Друго
Вештини и знаење
Организација на настани

Поврзани огласи

до 20 август
Скопје
Полно работно време
Повеќе