За компанијата
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 290 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Опис на работната позиција
МИКРОСАМ ДОО Прилеп има потреба од Специјалист за меѓународна продажба. Отворената позицја е за во нашите канцеларии во Прилеп. Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на маил prijava@mail.mikrosam.com
Работни обврски
Работа со меѓународни клиенти квалификација и утврдување на технички потреби
Работа со ЦРМ систем за релации со клиенти и планирање на следни чекори
Консултација со инженерски тим и изработка на понуди
Контактирање и посети на клиенти во светот и во Микросам
Комплетна поддршка на Продажниот Тим
Проследување на активности за продажба испорака на машина и сервис
Присуство на годишни саеми настани и конференции
Комуникација со сите глобални претставници и партнери
Изработка на редовни и периодични извештаи за продажни резултати
Сугестии за подобрувања и други продажни активности
Потребни квалификации
ВСС од било која дисциплина, вклучувајќи инженерски и социјални науки
Желба за успех, континуирано учење и лично подобрување
Техничка ориентација
Одлична и убедлива комуникација на телефон, директно и писмено
Слушање и разбирање на потребите од сите учесници
Одлично познавање на англиски јазик, особено пишување
Самоиницијативност и способност за самостојна работа
Тимска работа и искуство со софтверски алатки
Тип на работа
Полно работно време
Категорија на работа
Друго
Вештини и знаење
Водење и ажурирање евиденции
Истражувања
Грижа за корисници