You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

Фондацијата за развој на локалната заедница е непрофитна, невладина организација формирана во декември 2006 година.
Мисијата на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип (ФРЛЗ) е: Ефективно учество на граѓаните во креирање јавни политики и нивна доследна имплементација.
Визија: Локалните заедници се организирани, проактивни и способни да влијаат на благосостојбата и подобрување на квалитетот на живот.
ФРЛЗ работи на зголемување на влијанието на граѓанскиот сектор во креирање и спроведување на јавни политики и зголемување на одговорноста на граѓаните за решавање на локални проблеми.
Како фондација посветена на заедницата ФРЛЗ дејствува во секторите: децентрализација, добро управување, владеење на правото, лобирање и застапување, човекови права, транспарентност и отчетност и промоција на филантропија.
Во 18 годишното дејствување, ФРЛЗ има воспоставено и негува добра соработка со граѓанските организации во Македонија, со локалните и националните институции, бизнис заедницата и медиумите. Активностите на фондацијата се насочени кон користа на граѓаните, граѓанските организации, локалните и државните институции, бизнис секторот, активните млади лица, медиумите и донаторите.
Фондацијата делува во согласност со својата мисија и визија преку организација на јавни настани, спроведување истражувања и анализи, дистрибуција на информации, организирање на дебати, обуки и консултации.

Опис на работната позиција

Го прошируваме нашиот тим! Вработуваме Проектен асистент! Сите заинтересирани треба да испратат CV и мотивационо писмо на info@frlz.org.mk со наслов на пораката - Проектен асистент ФРЛЗ (име и презиме), најдоцна до 31.05.2022 г. По истекот на рокот на аплицирање, тимот на ФРЛЗ ќе изврши проверка на апликациите при што селектирани кандидати ќе бидат повикани на понатамошен разговор.

Работни обврски
- Редовна координација со Програмски менаџер, Kоординатор, Извршен директор;
- Организација и учество на обуки и состаноци;
- Организација и имплементација на тековни активности на ФРЛЗ;
- Подготовка на договори, повици и друга потребна проектна документација.
Потребни квалификации
- Одлични комуникациски вештини;
- Способност за работа во динамична работна средина;
- Капацитет за извршување обврски со почитување на зададените рокови;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
- Познавање и искуство со социјални медиуми и други алатки за промоција и информирање;
- Високо образование;
Тип на работа
Полно работно време
Плата
денари месечно
Категорија на работа
Друго
Вештини и знаење
Водење и ажурирање евиденции Организација на настани

Поврзани огласи

до 30 декември
Виница
Полно работно време
Повеќе
до 30 декември
Виница
Полно работно време
Повеќе
до 02 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 02 октомври
Скопје
Скратено работно време
Повеќе
до 31 август
Гевгелија
Полно работно време
Повеќе
до 22 јули
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 15 јули
Прилеп
Полно работно време
Повеќе
до 15 јули
Прилеп
Полно работно време
Повеќе
до 15 јули
Прилеп
Полно работно време
Повеќе
до 07 јули
Скопје
Пракса
Повеќе
до 30 јуни
Скопје
Скратено работно време
Повеќе
до 30 јуни
Гевгелија
Полно работно време
Повеќе
до 30 јуни
Гевгелија
Полно работно време
Повеќе
до 30 јуни
Гевгелија
Полно работно време
Повеќе