За компанијата
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 290 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Опис на работната позиција
За Академија Микросам
Микросам Академија има за цел да го поттикне образованието на талентираните кадри кои сакаат да се надоградуваат и да стекнат вештини неопходни за успех во техничките науки. Низ бесплатни курсеви и клубови, од 2007година, Академијата има обучено над 270 лица, од кои 150 средношколци, преку проектна настава, учество на натпревари и пристап до најмодерна технолошка библиотека.
Курсот се одржува во Прилеп, во просториите на Микросам Академија и трае 6 месеци. Часовите се одржуваат од понеделник до четврток од 16 до 21ч.
Влезното тестирање е на 15.06.2022, а курсот започнува од 20.06.2022г.
Пријавување на тел: 077 962 714, 048 400 100, или на email адресата: akademija@mikrosam.com
Рокот за пријавување е до 14.06.2022 година.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.
Работни обврски
Потребни квалификации
За кого е наменет курсот
Програмскиот јазик С# е идеален јазик за да се научи програмирањето. Тој е едноставен, модерен, повеќенаменски објектно-ориентиран програмски јазик за пишување на различни програми, игри, апликации кои користат бази на податоци, управување на уреди и др. Штом ќе научите програмирање во С#, имате одлична основа од која може да продолжите да се надоградувате за програмирање во било кој друг програмски јазик.
Курсот е наменет за сите кои се заинтересирани да го научат најпопуларниот програмски јазик на сите времиња, програмски јазик кој милион професионалци ширум светот го користат секојдневно, а со тоа да влезат во светот на програмирање со С.
Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:
- Завршено средно образование
- Редовно физичко присуство на предавања и исполнување на задачите
- Не е потребно претходно предзнаење од програмирање во C#
Придобивки
- Секој слушател работи самостојно на свој компјутер,
- Пристап до најмодерна технолошка библиотека,
- Работа на практични задачи и вежби,
- По успешното завршување на курсот, учесникот добива сертификат.
Тип на работа
Пракса
Категорија на работа
Програмирање
Вештини и знаење