За компанијата
Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија. НМСМ е основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации.
НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија. НМСМ обединува 50 организации: 15 младински организации, 20 организации за млади, 1 сојуз, 7 подмладоци на други организации и 7 придружни членки, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во Македонија.
Членството на НМСМ е разновидно, обединувајќи организации кои работат на национално и регионално ниво, рурални и урбани средини, студентски организации, ограноци на меѓународни организации и други типови на здруженија. Во процесот на остварување на своите цели, НМСМ ги застапува интересите на младите во Република Македонија без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничко и културно потекло, политичкото и верското уверување, сексуална ориентација, родов идентитет или било која друга форма на разлика.
Од 29 ноември 2015 година, Националниот младински совет на Македонија е дел од европското семејство на младински организации, Европски младински форум ЕМФ.
Опис на работната позиција
ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ, НМСМ ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: МЕНАЏЕР ЗА КОМУНИКАЦИИ
Локација: Канцеларија на НМСМ, Скопје
Работни обврски
-Менаџирање на канцеларијата за комуникации и координација со асистент/ите за комуникации;
-Континуирано следење и поддршка на работата на асистентите за комуникација и евалуација на нивната успешност;
-Воспоставување правила за интерна и екстерна комуникација и брендирање на НМСМ;
-Координација на примената на правилата за интерна и екстерна комуникација и брендирање;
-Подготовка, развој и спроведување на комуникациски стратегии, правилници и други документи за комуникација со јавноста;
-Координација на процесите на прибирање информации за веб страна и за другите социјални медиуми на НМСM;
-Промовирање на постигнати резултати на НМСМ во координација со програмски менаџери и Генерален секретар;
-Креирање на нови алатки и механизми за зголемување на видливоста на работата на НМСМ;
-Континуирано координирање на комуникацијата со медиуми за НМСМ;
-Грижа за видливоста на активностите на организацијата;
-Координација на видливоста на спроведувани активности на сите организации членки на НМСМ;
-Учество во подготовка на проекти, успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а;
-Подготовка на наративни (периодични, финални и ad hoc извештаи) за донатори, собрание и други засегнати страни;
-Редовна координација со Генералниот секретар, Програмски менаџери и Управниот одбор;
-Други активности во насока на постигнување на стратешките приоритети и цели на НМСМ.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?
Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на следната е-маил адреса: applications@nms.org.mk со назнака: име и презиме - Менаџер за комуникации најдоцна до 20.02.2022 до 23:59 часот.
Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.
Потребни квалификации
-Најмалку 2 годишно релевантно работно искуство;
-Високо образование во областа на комуникација и односи со јавноста (предност);
-Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
-Познавања и претходно искуство во граѓански организации, посебно во мрежи/сојузи/или младински организации, како и водење на мрежи и комуникација со јавност;
-Познавање на програми за дизајнирање, WordPress и Microsoft Office;
-Претходно искуство во организација на настани и креирање на промотивни материјали;
-Познавање и искуство со социјални медиуми и останати алатки за информирање и промоција.
Тип на работа
Полно работно време
Плата
32000 денари месечно
Категорија на работа
Дигитален маркетинг
Вештини и знаење
Mаркетинг на социјални мрежи
LinkedIn маркетинг
Еmail маркетинг
Подготовка на промотивни/ информативни текстови