You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

Македонски Телеком е водечки телекомуникациски оператор во Северна Македонија и дел од Групацијата Дојче Телеком од 2001 година. Посветени сме да бидеме партнер во дигитализацијата на општеството и да создадеме одржливи вредности за сите. Ова е нашиот поттик да градиме мрежи на иднината со примена на технологија од најновата генерација и да создаваме напредни Cloud и ИКТ решенија и платформи за паметен град. Нашата мрежа може да стори многу повеќе од едноставно поврзување на луѓето. Затоа, нема да застанеме сѐ додека не ги поврземе сите!

Опис на работната позиција

Македонски Телеком има потреба од студенти за обавување на платена пракса во Служба за поддршка на технички услуги (CSOD) во времетраење од максимум една година со полно работно време.

Работни обврски

Техничка поддршка на второ ниво на технички услуги за отстранување на пречки и обезбедување на сервиси кон корисниците за портфолио на стандардни сервиси;
Испитување, решавање и затворање пречки опфатени со процесот на автоматска дијагностика;
Реализирање на испитување и отстранување на пријавени пречки на второ ниво на техничка поддршка за кориснички стандардни сервиси;
Работа во системите за менаџирање со активна и пасивна пристапна мрежа;
Работа во апликациите за кориснички пријави, технички inventory податоци, управување со пречки;
Учество во процесите за оперативна поддршка на регионалните сервисни центри;
Покривање на вообичаените задачи и должности во Службата.

Потребни квалификации
Доколку поседувате тимски дух и иницијативност, сакате да сте дел од технолошки развиена компанија, а студирате на ФЕИТ, ФИНКИ или некој од техничките насоки на Универзитетот Гоце Делчев , Универзитет Св. Климент Охридски, на Американ колеџот или на ФОН Универзитетот, не чекајте и пратете ја својата биографија најдоцна до 08.05.2022 на career@telekom.mk со назнака Пракса во техника.
Тип на работа
Пракса
Категорија на работа
Програмирање
Друго
Вештини и знаење
Техничка поддршка

Поврзани огласи

до 31 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 30 декември
Виница
Полно работно време
Повеќе
до 30 декември
Виница
Полно работно време
Повеќе
до 23 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 23 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 23 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе