You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 290 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

Опис на работната позиција

МИКРОСАМ ДОО Прилеп има потреба од Референт за набавка. Отворената позиција е за во нашите канцеларии во Прилеп. Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на маил prijava@mail.mikrosam.com

Работни обврски
- Процесирање на барања за набавка
- Контакт со домашни и странски добавувачи
- Барање на најповолни понуди од добавувачи согласно потребите на компанијата
- Изготвување на порачки кон домашни и странски добавувачи
- Внесување и ажурирање на порачки во интерен систем
- Следење на порачки, испорака и документација од добавувачи
- Комуникација и координација со други оддели во компанијата
- Обезбедување на увозни документи од странски добавувачи
- Следење на интерни процедури за набавка
- Одговорност за доверливоста и безбедноста на информациите со кои располага
Потребни квалификации
- Високо образование
- задолжително познавање на англиски јазик, писмен и говорен (познавање на регмански јазик ќе се смета за предност)
- Способност за ефективна говорна и писмена комуникација
- Способност за брза реакција согласно променливите деловни потреби
- Самоиницијативност и способност за самостојна работа
- Тимска работа
- Позитивен пристап
- Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови
- Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office и различни софтверски алатки
Тип на работа
Полно работно време
Категорија на работа
Друго
Вештини и знаење

Поврзани огласи

до 06 декември
Прилеп
Пракса
Повеќе
до 30 јуни
Скопје
Пракса
Повеќе
до 30 јуни
Битола
Пракса
Повеќе
до 30 јуни
Битола
Пракса
Повеќе
до 22 јуни
Струмица
Полно работно време
Повеќе
до 15 јуни
Тетово
Пракса
Повеќе
до 14 јуни
Скопје
Полно работно време
Повеќе