You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

Младинска чадор организација чија што цел е да придонесува во развојот на децата и младите луѓе, во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални, опшествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници. Сојузот е составен од 22 младински организации и организации за млади, со членство во 16 градови низ Македонија.

Опис на работната позиција

Координаторот за раст е млада, амбициозна личност, која сака да работи во динамична атмосфера и во организација со добро поставена структура. Има разбирање за организациско работење и има позитивен пристап во решавање на предизвици и дневни обврски. Спремна е да работи под притисок и со кратки рокови. Иновативна во процесот на решавање на проблеми и ориентирана кон колективен успех. Тимски играч, добро организиран и спремен за авантура.

Работни обврски
Координаторот ќе има можност преку својот ангажман постојано да учи и да се
развива со поддршка на канцеларијата и органите на Сојузот на извидници на
Македонија. Работни обврски :

Мобилизација на млади преку вмрежување во локални организации
Креирање и имплементирање на стратегии и користење на алатки за раст и
развој на локални извиднички организации
Работа со волонтери и тимови во постигнување на стратешките цели
Истражување и подготовка на извештаи за носење на одлуки
Придонес за зголемување на видливоста на растот преку промоција
Иновација на алатки и ресурси кои ќе поддржат раст и развој
Работа на реални проекти поддржани од различни донатори
Подготовка на наративни извештаи за активности
Подготовка на тренинг рамка која се фокусира на раст на членство
Асистенција при организирање на програмските и проектните задачи на
канцеларијата на СИМ
Потребни квалификации
Силен интерес за организациски развој, управување со членство и добро
владеење
Вештини за обработка на податоци (извештаи, записници) за да се
идентификуваат и да се шират јасно суштинските информации
Големо внимание на детали со силни писмени и усни комуникациски
вештини и висок степен на одговорност, интегритет и креативност
Способност за работа и соработка со локални и национални чинители
Способност за работа во интеркултурни средини
Напредна компјутерска писменост е од суштинско значење - Microsoft
алатки, Google Drive, употреба на социјални медиуми
Одлично познавање на македонски и англиски јазик
Пожелно е, но не е задолжително кандидатот да е активен член на
извидничката организација
Тип на работа
Полно работно време
Плата
30000 денари месечно
Категорија на работа
Човечки ресурси
Друго
Вештини и знаење
Преведување Водење и ажурирање евиденции Организација на настани Истражувања Техничка поддршка Селекција на човечки ресурси Развивање капацитети на човечки ресурси

Поврзани огласи

до 01 јануари
Полно работно време
Повеќе
до 14 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе