За компанијата
Младинска чадор организација чија што цел е да придонесува во развојот на децата и младите луѓе, во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални, опшествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници. Сојузот е составен од 22 младински организации и организации за млади, со членство во 16 градови низ Македонија.
Опис на работната позиција
Координаторот за членство е амбициозна личност, која сака да работи во
динамична атмосфера и во организација со добро поставена структура. Има
разбирање за организациско работење и има позитивен пристап во решавање
на предизвици и дневни обврски. Спремна е да работи под притисок и со
кратки рокови. Иновативна во процесот на решавање на проблеми и
ориентирана кон колективен успех. Тимски играч, добро организиран и
спремен за авантура.
Работни обврски
Координаторот ќе има можност преку својот ангажман постојано да учи и да се
развива со поддршка на канцеларијата и органите на Сојузот на извидници на
Македонија. Работни обврски на позицијата:
-Креирање и имплементирање на стратегија и политика за возрасни
(волонтери) во извидништвото согласно тренинг рамката на организацијата
-Креирање на тренинг содржини
-Имплементирање на програмски активности
-Имплементирање на проекти за обука на кадри
-Работа на реални проекти поддржани од различни донатори и чинители
-Градење на капацитети за водење на локални извиднички организации
-Асистирање при имплементирање на останати програмски и проектни
активности на канцеларијата на СИМ
Потребни квалификации
-Силен интерес за организациски развој, управување со членство и добро
владеење
-Вештини за обработка на податоци (извештаи, записници) за да се
идентификуваат и да се шират јасно суштинските информации
-Големо внимание на детали со силни писмени и усни комуникациски
вештини и висок степен на одговорност, интегритет и креативност
-Способност за работа и соработка со локални и национални чинители
-Способност за работа во интеркултурни средини
-Напредна компјутерска писменост е од суштинско значење - Microsoft
алатки, Google Drive, употреба на социјални медиуми
-Одлично познавање на македонски и англиски јазик
-Пожелно е, но не е задолжително кандидатот да е активен член на
извидничката организација
Тип на работа
Полно работно време
Плата
30000 денари месечно
Категорија на работа
Друго
Човечки ресурси
Дигитален маркетинг
Вештини и знаење
Подготовка на промотивни/ информативни текстови
Преведување
Организација на настани
Грижа за корисници
Развивање капацитети на човечки ресурси