За компанијата
Фондација ПСМ е организација посветена на стимулирање на развојот на претприемништвото и младинската вработеност преку јакнење на вештините и компетенциите за (само) вработување, младинска ангажираност, програми за колаборативно партнерство и лидерски платформи за поттикнување промени и застапување.
Опис на работната позиција
Фондација за Претприемачки сервис за млади, која работи во областа на поддршка на претприемништвото преку раководење со бизнис инкубатор, градење капацитети на стартап компании и имплементација на проекти, распишува конкурс за вработување на проектен асистент на определено време (11 месеци)
Работни обврски
Поддршка при подготовка на проектни апликации
Организација на состаноци, обуки и настани за потребите на организацијата
Одржување на веб страните и социјалните медиуми на фондацијата
Комуникација со целните групи на фондацијата
Одржување контакти со медиуми и видливост на активностите на фондацијата
Административно работење
Подготовка на програми за настани
Потребни квалификации
Завршено високо образование во областа на правни или економски науки
Солидно познавање на процедурите и начинот на раководење на проекти финансирани од ЕУ
Учество во најмалку 2 проекти како проектен асистент (пожелно проекти поврзани со млади и претприемништво)
Искуство во планирање и реализација на настани и конференции
Познавање на одржување на веб страни и социјални медиуми
Одлично познавање на англиски јазик
Одлично познавање на MS Office програмите и Интернет
Тип на работа
Полно работно време
Категорија на работа
Друго
Вештини и знаење
Водење и ажурирање евиденции
Организација на настани