За компанијата
Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија. НМСМ е основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации.
НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија. НМСМ обединува 50 организации: 15 младински организации, 20 организации за млади, 1 сојуз, 7 подмладоци на други организации и 7 придружни членки, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во Македонија.
Членството на НМСМ е разновидно, обединувајќи организации кои работат на национално и регионално ниво, рурални и урбани средини, студентски организации, ограноци на меѓународни организации и други типови на здруженија. Во процесот на остварување на своите цели, НМСМ ги застапува интересите на младите во Република Македонија без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничко и културно потекло, политичкото и верското уверување, сексуална ориентација, родов идентитет или било која друга форма на разлика.
Од 29 ноември 2015 година, Националниот младински совет на Македонија е дел од европското семејство на младински организации, Европски младински форум ЕМФ.
Опис на работната позиција
ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ, НМСМ ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА:
програмски асистент во програма за стратешки развој
Локација: Канцеларија на НМСМ, Скопје
Работни обврски
Подготовка на планови за спроведување на активности во рамки на програмата;
Подготовка на програмски и проектни документи;
Логистичка поддршка при имплементација на активности во рамки на програмата;
Техничка поддршка при имплементација на активности во рамки на програмата;
Подготовка на извештаи и дополнителна документација за спроведените активности;
Комуникација со учесници во програмските активности;
Подготовка на повици, договори и други администратвини документи за активностите во рамки на програмата;
Учество во подготовка на проекти, успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а;
Подготовка на наративни (периодични, финални и ad hoc извештаи) за донатори, собрание и други засегнати страни;
Редовна координација со Програмскиот менаџер и Програмскиот координатор;
Други активности во насока на постигнување на стратешките приоритети и цели на НМСМ.
Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на: application@nms.org.mk
со назнака: (име и презиме) - Програмски асистент најдоцна до 27.03.2022 до 23:50 часот.
Сите претселектирани кандидати ќе бидат поканети на тестирање. Кандидатите кои успешно ќе го поминат тестирањето ќе бидат повикани на интервју.
Потребни квалификации
Минимум 1 година работно искуство во невладин сектор и/или на проекти;
Одлично познавање на Microsoft Office;
Познавање англиски јазик;
Вештини за административно работење;
Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување на доверените задачи;
Познавање на работата на НМСМ и младинскиот сектор;
Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
Завршено високо образование ќе се смета за предност;
Познавање албански јазик ќе се смета за предност.
Тип на работа
Полно работно време
Плата
24000 денари месечно
Категорија на работа
Друго
Вештини и знаење
Водење и ажурирање евиденции
Организација на настани