За компанијата
MPG е водечка агенција за маркетинг и продажба во југоисточна Европа. Своите услуги ги нудиме во 8 земји и имаме претставништва во Словенија, Хрватска, Србија и Македонија.
Работиме за регионални и глобални компании во областа на брзо растечката индустрија на производи за широка потрошувачка, храна, пијалоци и услуги, нудејќи клуч на рака и ефективни маркетинг решенија прилагодени на потребите на специфичниот регионален пазар.
Ние сме приватна и локална компанија развиена со помош на меѓународните know-how и експертизи, со докажани резултати и достигнувања.
Ние сме оние кои ја прават разликата, бидејќи ги разбираме целите на нашите клиенти. Така, развиваме активности со цел да се стекне и да се привлече интерес за целната група на потрошувачи.
Нашето знаење и експертиза гарантира дека ќе креираме релевантни и незаборавни моменти кои ќе предизвикаат позитивна промена и ќе остварат ефект.
Нашите докажани техники се користат од страна на нашиот докажан 3 POINT APPROACH кој користи RETAIL-DIGITAL-LIVE комуникациски алати за создавање мерливи резултати.
Ние создаваме причини заради кои луѓето ќе одберат одредени производи или услуги. Дозволете ни да создадеме моменти на инспирација кои ќе направат разлика за Вас.
Опис на работната позиција
За потребите на СОС Детско село, МПГ Солутионс ја објавува следната позиција: Теренски ТИМ ЛИДЕР (м/ж) Скопје, кој ја координира работата на СОС Претставниците на терен и дава континуирана поддршка и практична едукација со цел зголемување на мрежата на СОС Пријатели и остварување на мисијата на СОС Детско село - Ниту едно дете не треба да расте само.
Испрати ја твојата биографија со јасна назнака за позицијата за која се пријавуваш на email: info@mpg.mk
Работни обврски
- Ја координира работата на теренските претставници градејќи ефективен тим, позитивни интерперсонални односи и тимски дух
- Континуирана дневна посета и мониторинг на теренските активности
- Поддршка во теоретски и практични тренинзи на теренските претставници согласно однапред дефиниран интерен протокол
- Учествува во процесот на селекција на теренските претставници
- Ги следи индивидуалните остварувања согласно однапред дефинирани цели и изработува евалуациски извештаи
- Изработува планови/распоред за теренска работа, промени, замени и сл
- Организира и спроведува неделни и месечни состаноци со теренските претставници
Работни услови
- Ангажман на определено време од 6 месеци со можност за продолжување и вработување со полно работно време
- Работа на терен
- Скратено работно време од 20 часа неделно
- Флексибилно работно време
- Континуирани можности за личен и професионален раст и развој
Потребни квалификации
- Завршено најмалку средно образование
- Најмалку 1 година искуство во директна продажба, пожелно искуство во водење на тим
- Добро познавање на англиски јазик
- Работа на компјутер
- Возачка дозвола Б категорија, активен возач
- Користење на сопствено возило
- Високо организирана личност ориентирана кон остварување резултати
- Одлични комуникациски, презентациски и продажни вештини
- Оптимизам, упорност и спремност да обезбедува донации за хуманитарни цели
Тип на работа
Хонорарен ангажман
Категорија на работа
Друго
Вештини и знаење