You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

Младите можат е здружение на граѓани кое постои 12 години. Повеќе од 1000 млади вклучени директно во проекти, програми, настани и активности и повеќе од 20 активни членови кои секојдневно придонесуваат во растењето и успехот на организацијата а со тоа и во правење на позитивни промени за нашата младина и нашата заедница.
Постоиме за да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека МОЖАТ самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството.

Опис на работната позиција

Извршната канцеларија на Младите можат е во потрага по нов млад ентузијаст кој е подготвен дa работи во флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енерија. Доколку си подготвен/а да работиш на својот личен развој и сакаш да учиш преку принципот на learning by doing, ова е одлична можност за тебе! Те повикуваме да бидеш дел од атмосфера на постојано учење, надоградување, но и стакнување нови пријатели и колеги. Биди дел од тимот кој верува во моќта на младите да бидат катализатори на позитивни промени во општеството. Но, за да го постигнеме она во кое веруваме потребни ни се посветеност, истрајност, прилагодливост и самоиницијативност како дел од тимските вредности и тимскиот дух.

Работни обврски
1. Учество во воспоставување правила за екстерно брендирање;
2. Примената на правилата за екстерно брендирање;
3. Учество во процесот на прибирање информации за веб страна и за другите социјални медиуми;
4. Учество на настани и креирање на содржина за време на настаните која подоцна ќе се користи за промоција;
5. Подготовка на дизајни за веб страните на Младите можат, платформата Час за час, платформата Кариерен пат и други веб платформи со кои програмски може да раководи Младите можат;
6. Одржување и редовно ажурирање на веб страните на Младите можат, платформата Час за час, платформата Кариерен пат и други веб платформи со кои програмски може да раководи Младите можат;
7. Грижа за видливоста на активностите на организацијата преку редовни објави на социјалните медиуми;
8. Дизајнирање на објави за информативни кампањи на Младите можат, застапувачки и друг тип на кампањи, во координација со Извршниот директор, останатите координатори и тела на Младите можат;
9. Грижа за процеси за креирање на нови веб страни и платформи под раководство на Младите можат и нивно одржување и ажурирање;
10. Подготовка на дизајни за објави на друштвените медиуми на организацијата и нивно редовно ажурирање;
11. Водење грижа за онлајн достапност на сите позначајни документи (публикации, извештаи, позиции, видеа итн ) на организацијата;
12. Подготовка на дизајн за сите позначајни документи (публикации, извештаи, позиции, видеа итн ) на организацијата;
13. Подготовка на дизајн за месечен преглед на активностите на организацијата;
14. Грижа за унифицирање на видливоста на сите проектни и програмски активности на Младите можат;
15. Креирање на содржините кои ги пласира во јавност, вклучувајќи соопштенија за медиуми, покани за медиуми и други содржини кои произлегуваат од проектните и програмските активности на организацијата;
16. Подготвува годишен работен план согласно Комуникациската стратегија, заедно во соработка со Извршниот директор, останатите координатори и тела на Младите можат;
17. Подготовка на дизајни за наративни (периодични, финални и ad hoc извештаи) за донатори, собрание и други засегнати страни, доколку е потребно;
Потребни квалификации
Образование (одсек): Општествени науки (Маркетинг, Новинарство, Комуникациски студии) или завршен курс/академија за дигитален маркетинг/графички дизајн

Години на работно искуство: Минимум: 1 Пожелно: 2

Технички и професионални вештини:
- Познавање на некоја од програмите за креирање на дизајни (Photoshop, Illustrator и друго)
- Познавање на програма за креирање на видео содржини
- Познавање на граѓанскиот сектор и младинската работа

Основни карактеристики:
- Лојалност
- Организираност
- Професионалност и посветеност
- Способност за индивидуална и работа во тим
- Работа во куси рокови
- Менаџмент на време
- Менаџмент на конфликти
- Прилагодливост во однос на работни часови и работно време, како и работа од канцеларија, од дома и обврски кои наметнуваат повремено патување во рамки на државата

Неопходни јазици: Македонски и Англиски јазик (албански јазик е пожелно)
Тип на работа
Полно работно време
Плата
21900 денари месечно
Категорија на работа
Дизајн
Дигитален маркетинг
Видео продукција
Вештини и знаење
Mаркетинг на социјални мрежи Подготовка на промотивни/ информативни текстови Графички дизајн Веб-дизајн Снимање видео Видео монтажа

Поврзани огласи

до 20 февруари
Скопје
Полно работно време
Повеќе