You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

Младите можат е здружение на граѓани кое постои 12 години. Повеќе од 1000 млади вклучени директно во проекти, програми, настани и активности и повеќе од 20 активни членови кои секојдневно придонесуваат во растењето и успехот на организацијата а со тоа и во правење на позитивни промени за нашата младина и нашата заедница.
Постоиме за да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека МОЖАТ самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството.

Опис на работната позиција

Извршната канцеларија на Младите можат е во потрага по нов млад ентузијаст кој е подготвен дa работи во флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енерија. Доколку си подготвен/а да работиш на својот личен развој и сакаш да учиш преку принципот на learning by doing, ова е одлична можност за тебе! Те повикуваме да бидеш дел од атмосфера на постојано учење, надоградување, но и стакнување нови пријатели и колеги. Биди дел од тимот кој верува во моќта на младите да бидат катализатори на позитивни промени во општеството. Но, за да го постигнеме она во кое веруваме потребни ни се посветеност, истрајност, прилагодливост и самоиницијативност како дел од тимските вредности и тимскиот дух.

Работни обврски
1. Одговорен за техничка и логистичка поддршка при организирање на настани на Младите можат;
2. Обезбедува потребни ресурси за квалитетно спроведување на активностите на Младите можат;
3. Планирање и извршување на логистички дел на настани, поточно, обезбедување просторија, барање на спонзорства, правење набавки, контактирање на надворешни инволвирани лица;
4. Обезбедува логистичка поддршка при спроведување на проектни активности за кои е задолжена канцеларијата на Младите можат;
5. Одговорен е за комуникација и обезбедување информации за членовите на Младите можат за потребите на собрание или други настани;
6. Обезбедува логистичка поддршка при подготовката и реализацијата на Годишното собрание на Младите можат;
7. Активно учествува во останатите тековни активности во организација на Младите можат;
8. Одговорен е за обезбедување на спонзори при спроведување на активности и проекти на организацијата;
9. Одговорен е за градење и одржување на релации со спонзори, добавувачи и блиски соработници, согласно портфолиото за работа;
10. Контактирање на потенцијални нови членови;
11. Координирање на членовите во соодветните програми во кои се пријавиле;
12. Следење на вклученоста на членовите во програмите;
13. Промоција на програмите за членство;
14. Водење на архива на членството;
15. Организира настани и активности за членовите на Младите можат, во рамки на едукативните програми;
16. Организира настани и активности за меѓусебна комуникација на членовите на Младите можат и помеѓу членовите на едукативните програми;
17. Поттикнување на членовите за соодветно вклучување во процесите на стратешко, годишно и проектно планирање и обезбедување навремен содржински придонес од членовите во подготовка на плановите и проектите;
Потребни квалификации
Образование (одсек): Општествени науки (пожелно Човечки ресурси, Менаџмент)

Години на работно искуство: Минимум: 1 Пожелно: 2

Технички и професионални вештини:
- Познавање на граѓанскиот сектор и младинската работа
- Програмски и проектен менаџмент на долгорочни проекти финансисирани од различни донатори

Основни карактеристики:
- Лојалност
- Организираност
- Професионалност и посветеност
- Способност за индивидуална и работа во тим
- Работа во куси рокови
- Менаџмент на време
- Менаџмент на конфликти
- Прилагодливост во однос на работни часови и работно време, како и работа од канцеларија, од дома и обврски кои наметнуваат повремено патување во рамки на државата

Неопходни јазици: Македонски и Англиски јазик (албански јазик е пожелно)
Тип на работа
Полно работно време
Плата
15500 денари месечно
Категорија на работа
Човечки ресурси
Друго
Друго
Вештини и знаење
Водење и ажурирање евиденции Организација на настани Истражувања Техничка поддршка

Поврзани огласи

до 02 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 20 февруари
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 12 февруари
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 02 февруари
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 јануари
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 јануари
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 јануари
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 26 јануари
Скопје
Полно работно време
Повеќе