You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

КАРПИНО е водечко студио за масажа, физиотерапевтски и козметички услуги

Опис на работната позиција

ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРЕДИЗВИКОТ? Во КАРПИНО Вие ќе ја продолжите Вашата кариера на физиотерапевтка, масерка, козметичарка и ќе станете дел од тим и компанија која поставува нови стандарди во областа на услугите за нега, релаксација, здравје и убавина во Македонија и пошироко. Вие ќе бидете одговорни за контакт со клиенти и вршење на услуги на масажа, физиотерапија, козметика, нега на телото и лицето. Kако дел од Вашата успешна кариера, Вие исто така ќе придонесете во иновации и развојот на компанијата преку дизајн и имплементација на нови услуги по најновите светски трендови. За оние со поголеми аспирации и искуство нудиме можности за менаџерска позиција или развој во истата преку кариерен развој.

Работни обврски
ШТО ВИ НУДИМЕ?

Денес имате уникатна можност да станете дел од македонско водечко студио за масажа, физиотерапевтски и козметички услуги, и пред се, да напредувате во Вашата кариера. Нашиот тим е пријателски и посветен на професионалноста во работата каде особено внимание се придава на иновативноста во услугите. Тоа е средина каде работата на секој вработен високо се вреднува и каде Вашето мислење секогаш ќе биде земено во предвид. КАРПИНО е ново, но веќе етаблирано студио за масажа и убавина лоцирано во срцето на Скопје, дизајнирано од врвни македонски архитекти и дизајнери и тим составен од посветени професионалци како вас. Станете дел од успешната приказна на КАРПИНО и Вашиот нов развој во кариерата. Заинтересирани?
Потребни квалификации
ШТО БАРАМЕ ВО НАШИТЕ ИДНИ КОЛЕГИ?

- Ентузијазам да се стане дел од млад, посветен и високо ефективен тим на физиотерапевти / масери / козметичари
- Повеќегодишно искуство во областа на услугите на масажа, физиотерапија, нега на телото, лицето и козметички услуги
- Високо образование во областа на физиотерапија
- Одлично познавање на англискиот јазик
- Познавање на работа со компјутери (емаил, офис) и фискални уреди
- Познавање на работа со социјални мрежи
- Одлични комуникативни способности и беспрекорност во работата со клиенти
- Позитивен дух, посветеност на работата и способност за работа во тим
Тип на работа
Полно работно време
Категорија на работа
Друго
Вештини и знаење

АПЛИЦИРАЈ

 
 

Поврзани огласи

до 31 јануари
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 12 јануари
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 23 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 20 декември
Скопје
Пракса
Повеќе
до 15 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 15 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 10 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе