You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

ГРАДИМЕ ПОСИГУРНА ИДНИНА И ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА НАОЃАМЕ РЕШЕНИЈА ЗА НАШИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ

Секојдневно создаваме посигурна иднина за нашите осигуреници, сопственици, деловни партнери и се разбира, за вработените. Затоа секој од нас како поединец и сите заедно како тим веруваме дека со својата секојдневна и стручна работа придонесуваме кон сигурноста. На секој чекор, колку и да е мал, можеме да подадеме рака и да понудиме сигурност.
Мисијата ја остваруваме преку нашите вредности, агилност, едноставност и доверливост.

Опис на работната позиција

На избраниот кандидат му нудиме
Вработување во успешна, реномирана, интернационална компанија
Интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој
Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења
Соработка на проекти во меѓународна околина
Стручно усовршување и дообразување посета на курсеви за дополнување на знаењето како и посета на стручни семинари во земјата и странство
Работното место е во седиштето на Друштвото во Скопје

Може да аплицирате преку нашата веб страна каде може да добиете и повеќе информации за работната позиција.

Работни обврски
Ја испитува усогласеноста на работењето на Друштвото со законските прописи другите прописи како и со деловната политика и внатрешните акти на Друштвото
Ја оценува адекватноста и ефективноста на воспоставениот систем на интерна контрола, правила, процедури за работа, постапки и го испитува функционирањето на системот на интерните контроли во Друштвото
Ги дефинира политиките и постапките за извршување на работи на внатрешна ревизија
Подготвува годишен план за работа и детален оперативен план за работа за спроведување на годишната програма за работа на Службата и ги доставува на надлежните органи на усвојување
Одобрува и учествува во подготовка на поединечни извештаи за обавените ревизии дава препораки за подобрување на состојбата отстранување на незаконитости и неправилности
Потребни квалификации
Лиценца за овластен ревизор
Минимум 5 години работно искуство во соодветната област
Универзитетско, односно високо образование: економски науки или правни науки
Организациски способности
Комуникациски способности
Самоиницијатива посветеност прецизност претпазливост одговорност способност за аналитичко размислување
Подготвеност за континуирано стручно усовршување
Искуство во имплементација на поголеми проекти
Способност за организација и водење на помали групи и оддели
Добро поднесување на стрес поврзано со барањата од работните задачи тешки задолженија и работа под временски притисок
Одлично познавање на англиски и српско хрватски јазик
Возачка дозвола Б категорија и подготвеност за службени патувања
Тип на работа
Полно работно време
Плата
58000 денари месечно
Категорија на работа
Право и сметководство
Вештини и знаење
Даночно право Административно право Регулатива за работни односи Деловно право Сметководство

Поврзани огласи

до 31 јануари
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 12 јануари
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 20 декември
Скопје
Пракса
Повеќе
до 15 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе