You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија. НМСМ е основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации.

НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија. НМСМ обединува 50 организации: 15 младински организации, 20 организации за млади, 1 сојуз, 7 подмладоци на други организации и 7 придружни членки, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во Македонија.

Членството на НМСМ е разновидно, обединувајќи организации кои работат на национално и регионално ниво, рурални и урбани средини, студентски организации, ограноци на меѓународни организации и други типови на здруженија. Во процесот на остварување на своите цели, НМСМ ги застапува интересите на младите во Република Македонија без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничко и културно потекло, политичкото и верското уверување, сексуална ориентација, родов идентитет или било која друга форма на разлика.

Од 29 ноември 2015 година, Националниот младински совет на Македонија е дел од европското семејство на младински организации, Европски младински форум ЕМФ.

Опис на работната позиција

Вработуваме проектен асистент за потребите на проектот МладиХаб-градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на applications@nms.org.mk со наслов на пораката Проектен асистент МладиХаб _ (име и презиме), најдоцна од 20.11.2021. Пријавите што нема да пристигнат во овој рок и оние пријави што не содржат комплетна документација, нема да бидат земени предвид.

По истек на рокот за аплицирање, комисијата за селекција ќе изврши проверка на апликациите при што предселектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
По завршување на процесот на селекција сите кандидати ќе бидат известени за исходот.
Во зависност од искуството на кандидатот, висината на платата може да варира.
НМСМ го задржува правото да не избере ниту еден од апликантите и/или да го продолжи повикот.

Работни обврски
Планирање и спроведување проектни активности во координација со проектен координатор, генерален секретар и координатор за комуникации;
Oрганизација и учество на обуки и состаноци кои произлегуваат од проектот;
Подготовка на повици, договори и други документи поврзани со проектните активности;
Координација на настаните што се организираат во канцеларијата на проектот во Скопје и обезбедување логистичка поддршка за настаните што се организираат надвор од Скопје;
Комуникација со проектни партнери, соработници и учесници во проектот;
Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа;
Организација, имплементација и поддршка на останати активности на НМСМ;
Редовна координација со Генералниот секретар, Управниот одбор и останатите членови на Секретаријатот за тековни работи и обврски.
Потребни квалификации
Минимум 1 година работно искуство во невладин сектор и/или на проекти финансирани од меѓународни донатори;
Одлично познавање на Microsoft Office;
Познавање англиски јазик;
Вештини за административно работење;
Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување на доверените задачи;
Познавање на работата на НМСМ, како и на граѓанскиот сектор во Република Северна Македонија;
Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
Завршено високо образование ќе се смета за предност;
Познавање албански јазик ќе се смета за предност.
Тип на работа
Полно работно време
Плата
22000 денари месечно
Категорија на работа
Човечки ресурси
Друго
Друго
Вештини и знаење
Водење и ажурирање евиденции Организација на настани Грижа за корисници

Поврзани огласи

до 30 декември
Виница
Полно работно време
Повеќе
до 30 декември
Виница
Полно работно време
Повеќе
до 02 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 02 октомври
Скопје
Скратено работно време
Повеќе
до 31 август
Гевгелија
Полно работно време
Повеќе
до 15 јули
Прилеп
Полно работно време
Повеќе
до 07 јули
Скопје
Пракса
Повеќе
до 30 јуни
Скопје
Скратено работно време
Повеќе
до 30 јуни
Гевгелија
Полно работно време
Повеќе
до 30 јуни
Гевгелија
Полно работно време
Повеќе
до 30 јуни
Гевгелија
Полно работно време
Повеќе