You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

СОС Детско село е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација СОС Детски села Интернационал. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

Опис на работната позиција

Стручниот работник за поддршка на згрижувачки семејства обезбедува континуирана поддршка на згрижувачот и корисникот, односно згрижувачкото семејство, а со цел постигнување на целта на згрижување. Обезбедува психосоцијална поддршка на згрижувачките семејства, советување и врши увид на спроведување на стандардите за задоволување на потребите на сместениот корисник. Стручниот работник дава поддршка и учествува во процесот на сместување и преместување на корисникот во згрижувачко семејство. Одговорен е за стручна проценка за потребите на корисникот и учествува во изработка, спроведување и преглед на планот за поддршка на корисникот.

Работни обврски
го следи развојот на детето и проценува (услови, потреби, јаки страни и ризици) на детето, односно во згрижувачкото семејство;
обезбедува поддршка на згрижувачот и згриженото дете, односно згрижувачкото семејство со цел да се постигне целта на згрижувањето;
изработува план за поддршка на корисник и го следи неговото спроведување,
креира план за адаптација на корисникот и членовите во згрижувачкото семејство при секој нов прием;
подготвува известување до надлежниот Центар за социјална работа за резултатите од прилагодувањето на корисникот во згрижувачкото семејство;
дава мислење за квалитетот на грижа за корисникот;
прави стручна проценка на потребите на корисникот во згрижувачкото семејство;
подготвува извештај за развојот на детето во згрижувачкото семејство, квалитетот на згрижувањето и постигнување на целта на згрижувањето;
редовно соработува со старателот и водителот на случај кај надлежниот Центар за социјална работа;
води пропишана евиденција и документација (досие) за секој корисник сместен во згрижувачко семејство;
врши увид на спроведување на стандардите за задоволување на потребите на лицето во згрижувачко семејство и подготвува извештај од увидот;
подготвува полугодишен извештај за развојот на корисникот во згрижувачкото семејство и го известува старателот;
соработува и се поврзува со други институции во интерес на корисникот
ги имплементира политиките, стандардите и процедурите на СОС организацијата со посебен осврт на политиката за заштита на децата
Потребни квалификации
Завршено високо образование од областа на Социјална работа и социјална политика Психологија, Педагогија и Дефектологија
Најмалку 2 години иcкуство во областа на социјална заштита, работа со ранливи категории и поддршка на детскиот развој
Поседува вештини и искуство во работа со ранливи категории и маргинализирани групи
Поседува емпатија и разбирање за потребите на корисниците
Поседува знаења за правата на корисниците, мерките на социјална заштита и услугите за поддршка на корисниците
Поседува комуникациски вештини и вештини за тимска работа
Поседува вештини за брза проценка и аналитичко мислење
Поседува вештини и искуство во пишување на стручна документација, анализи, проценки и извештаи;
Поседува вештини за работа под притисок и брзи реакции;
Поседува флексибилност и подготвеност за работа и директна поддршка на терен;
Добро познавање на англиски јазик;
Одлични компјутерски вештини (MS Office, Интернет);
Поседување на возачка дозвола Б категорија и активно возачко искуство
Поседување на лиценца за работа во установа за социјална заштита се зема за предност
Тип на работа
Полно работно време
Плата
денари месечно
Категорија на работа
Друго
Друго
Друго
Вештини и знаење

Поврзани огласи

до 31 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 23 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 15 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 10 декември
Скопје
Полно работно време
Повеќе