You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Името е инспирација која произлезе од визијата на оваа организација, која треба да биде гласот на младите кои ќе бидат сослушани и ќе прават промени и придонеси во општеството. Крик се стреми кон поттикнување на поголема партиципација на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целна група која Крик работи со се сите млади луѓе 13-30 исто така и млади луѓе со помалку можности, групи социјално исклучени од општеството и млади лица со сетилна и интелектуална попреченост.

Опис на работната позиција

Бараме социјален работник, психолох или специјален едукатор за позиција Координатор на 4 станбени единици за живеење со 24 часовна поддршка за возрасни лица со попреченост во Скопје

Работни обврски
Ја насочува обединува и координира работата на вработените и ги распоредува работните задачи на вработените во 4 станбени единици вкупно 16 негуватели и 1 физиотерапевт

Ја координира севкупната логистика која е потребна да се организира за да станбените единици функционираат секојдневно и ги опслужуваат услугите на корисниците

Го прати интелектуалниот психомоторниот и социјалниот развој како и можностите за работно окупационо ангажирање на корисниците и изготвува годишен и месечен план за работа на членовите од стручниот тим за третман на корисниците

Го следи реализирањето на планот ги насочува активностите и врши анализа на постигнатите резултати при што предлага мерки за подобрување на ефикасноста во делокругот на својата работа

Ја следи почетната адаптација на корисникот

Работи на сопствениот траен и професионален развој поради одржување и подобрување на квалитетот на работењето во сервисот

Се координира и информира со тимот на Крик и ПИН за текот и резултатите од третманот на корисниците

Води уредна стручна дневна евиденција за извршените работни задачи подготвува месечен и годишен извештај за работата на одделот

Спроведува дефектолошки рехабилитациски и корективен третман

Носител е на програмската едукација за формирање на навики кај корисниците со тешка и најтешка интелектуална попреченост за изведување на основните активности од кругот на билошките физиолошките и хигиенските потреби па се до вклучување во воспитно работни активнсти со постојан надзор и поттикнување

Изготвува

Наод и мислење на стручен работник дефектолог,

Наод и мислење на стручен тим

Лист за следење на работата со корисникот на социјална заштита

План за индивидуална работа

Третман со корисникот на социјална заштита

Извештај за индивидуална работа

Третман на корисникот на социјална заштита

Непосредна комуникација и координација со останатите вработени

Ги подобрува интерперсоналните односи на вработените во организацијата и создава позитивна клима за работа
Потребни квалификации
да биде државјанин на Република Северна Македонија

активно да го користи македонскиот јазик

да се биде возрасен

да имаат општа здравствена способност за работата

со правосилна судска одлука да не е осуден на забрана за вршење професија, дејност или должност

да има искуство во работа со лица со попреченост

да има добри координативни и организациски способности

Високо образование во областа на: Социјална работа, психолог или специјален едукатор
Тип на работа
Полно работно време
Плата
28000 денари месечно
Категорија на работа
Друго
Друго
Друго
Вештини и знаење
Грижа за корисници

Поврзани огласи

до 20 август
Скопје
Полно работно време
Повеќе