Струга
Важи до: 20.10.2021
Посети профил на компанија
Мисија на Здружението за развој и активизам Аква од Струга е да придонесе кон локалниот развој, локалната демократија и граѓанскиот активизам во регионот на Струга, Охрид и Вевчани, а негови основни цели се: зголемување на улогата на граѓанскиот сектор во локалниот развој, поддршка и јакнење на младинскиот активизам во локалната заедница.
За потребите на проектот: Мултикултурализам и радикализација: нови пристапи кон старите проблеми, ЗРА Аква објавува: Повик за избор на обучувач. Обуката треба да ги опфати основите на фотографијата и начините за нејзино искористување за адресирање на предизвиците во локалната заедница поврзани со мултикултурализмот и меѓуетничките односи. Главна цел на ангажманот е спроведување на едномесечна обука на група средношколци во Струга, со редовни средби еднаш до два пати неделно. Периодот планиран за спроведување на обуката е октомври-ноември. Местото на одржување на обуката е во Струга. Основната цел на проектот е зајакнување на меѓуетничките односи и превенција од радикализација преку систем на врсничко учење и примена на креативни алатки, како и адресирање на проблемите и предизвиците на младите во локалната заедница.
Авто-Мак Вин
Партнер ДООЕЛ
Графотекс
LB RITELLO DOOEL
Eco Vent
ДПТУ ВЕТЕРИНАР ДОО Гевгелија