За компанијата
Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија. НМСМ е основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации.
НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија. НМСМ обединува 50 организации: 15 младински организации, 20 организации за млади, 1 сојуз, 7 подмладоци на други организации и 7 придружни членки, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во Македонија.
Членството на НМСМ е разновидно, обединувајќи организации кои работат на национално и регионално ниво, рурални и урбани средини, студентски организации, ограноци на меѓународни организации и други типови на здруженија. Во процесот на остварување на своите цели, НМСМ ги застапува интересите на младите во Република Македонија без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничко и културно потекло, политичкото и верското уверување, сексуална ориентација, родов идентитет или било која друга форма на разлика.
Од 29 ноември 2015 година, Националниот младински совет на Македонија е дел од европското семејство на младински организации, Европски младински форум ЕМФ.
Опис на работната позиција
Работна позиција: Финансиски и административен асистент
Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на applications@nms.org.mk со назнака: (име и презиме) - Финансиски и административен асистент во НМСМ, најдоцна до 20.10.2021 до 23:59 часот.
Работни обврски
Опис на главни работни задачи
- Поддршка при подготовка на финансиско-административни документи за проектно работење
- Следење и евиденција на буџетски трошоци на грантови
- Подготовка на месечни финансиско-административни извештаи
- Архивирање на документи
- Поддршка во подготовка на буџети и завршни сметки на НМСМ
- Обезбедува усогласеност на трошењата со внатрешните политики и процедури
- Ги следи трошоците во рамки на буџетите и подготвува месечни, квартални и годишни извештаи и извештаи за донатори
- Учествува во подготовка на годишен буџет и проектни буџети за нови проекти
- Води попис на инвентар
- Административно и техничко одржување на канцеларијата, грижа за опремата, спроведување канцелариски набавки и услови
- Спроведува и други програмски задачи и задолженија во согласност со моменталните потреби на НМСМ во координации со Генералниот секретар
- Редовна координација со Генералниот секретар, финансиско-административен менаџер и останатите вработени во Секретаријатот
Потребни квалификации
Квалификации:
- Искуство со раководење финансии и администрација на долгорочни проекти
финансирани од странски донатори
- Искуство со користење на финансиски и административен софтвер
- Минимум две години соодветно работно искуство
- Завршено високо образование (ќе се смета за предност)
Лични карактеристики и вештини:
- Професионалност и посветеност
- Способност за работа под притисок и куси временски рокови
- Транспарентност
- Тимска работа
- Лојалност кон организацијата и нејзините цели
Тип на работа
Полно работно време
Плата
22000 денари месечно
Категорија на работа
Друго
Вештини и знаење