You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија. НМСМ е основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации.

НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија. НМСМ обединува 51 организации: 17 младински организации, 20 организации за млади, 1 сојуз, 7 подмладоци на други организации и 6 придружни членки, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во Македонија.

Членството на НМСМ е разновидно, обединувајќи организации кои работат на национално и регионално ниво, рурални и урбани средини, студентски организации, ограноци на меѓународни организации и други типови на здруженија. Во процесот на остварување на своите цели, НМСМ ги застапува интересите на младите во Република Македонија без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничко и културно потекло, политичкото и верското уверување, сексуална ориентација, родов идентитет или било која друга форма на разлика.

Од 29 ноември 2015 година, Националниот младински совет на Македонија е дел од европското семејство на младински организации, Европски младински форум ЕМФ.

Опис на работната позиција

Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување е меѓународен проект кој се спроведува во Белгија, Црна Гора, Турција Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Северна Македонија. Главната цел на проектот е да придонесе за младински претприемачки можности и да ги зајакне перспективите за вработување на младите од Западен Балкан. Проектот започна да се имплементира во март 2020 година, а ќе трае до февруари 2023 година.

Работни обврски
Во склоп на проектот Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување НМСМ ќе понуди овозможувачка средина за едно лице кое ќе го помине процесот на job shadowing во Советот. За ваквиот ангажман ќе биде потпишан договор на два месеци, односно ноември и декември. Во текот на овие месеци се очекува избраното лице активно да учествува во проектите и програмските активности на здружението. За време на ангажманот, ќе се стекне искуство за:

- Функционирање на мрежни национални организации
- Проектно работење и проектен циклус
- Проектно известување
- Административно и оперативно работење
- Младинско учество и младински политики
- Организација на настани и друг тип на активности
- Градење на партнерства
- Интерна и екстерна комуникација
Потребни квалификации
Доколку си младо лице на возраст од 18 до 29 години и имаш желба да научиш нешто повеќе за национални и локални младински политики, младинско учество, мрежно работење но сакаш и да стекнеш практично и променливо знаење, тогаш својата биографија и мотивациско писмо достави ги на applications@nms.org.mk најдоцна до 17.10.2021 година, до 23:59.

Во мотивациското писмо потруди се да ги опфатиш следниве теми:

- Мотивацијата за ангажман во НМСМ
- Видување за мрежното организирање
- Видување за младинското организирање и учество во Северна Македонија
- Активности и практични вештини на кои сакаш да се фокусираш за време на твојот ангажман во НМСМ

Мотивациското писмо не треба да биде подолго од 3 страни односно 1000 зборови.
Тип на работа
Хонорарен ангажман
Плата
15000 денари месечно
Категорија на работа
Друго
Вештини и знаење

Поврзани огласи

до 13 ноември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 30 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе