You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

ЕММА Едукација е модерен центар за странски јазици и преводи, којшто во изминативе 4 години, следејќи ги глобалните новитети и трендови нуди сертифицирани и специјализирани курсеви за бројни светски jазици, по нови наставни програми, со современи методи, модерни технологии, интерактивна настава и уверенија според CEFR јазичната рамка.
Во делокругот на својата работа ЕММА Едукација вклучува богато портфолио на преведувачки и толкувачки услуги, дополнето со судски превод од овластени преведувачи за речиси сите јазици.
Креативните културолошки работилници и обуките за професионално надградување, усовршување и личен развој ја заокружуваат автентичноста на успешната деловна приказна, притоа издвојувајќи ја ЕММА Едукација како препознатлив, посветен и доверлив партнер на своите ученици, клиенти и соработници.

Изберете ја ЕММА Едукација и инвестирајте во јазиците како Ваш билет кон глобалниот свет!

Опис на работната позиција

Центарот за едукација и преводи ЕММА Едукација има потреба од млади, мотивирани, енергични, креативни професори/ки по германски јазик подготвени да станат дел од нашата успешна јазична приказна.

Работни обврски
- Организирање, подготовка и спроведување на наставата по германски јазик;
- Континуирано следење на напредокот на слушателите на курсевите;
- Евалуација на знаењето на слушателите на курсевите;
- Подготовка и спроведување на културолошки јазички работилници за деца.
Потребни квалификации
- Завршен филолошки факултет (или последна година од студии);
- Претходно релевантно работно искуство (ќе се смета за предност);
- Способност за работа со деца и возрасни, индивидуално и во група, со повеќе наставни програми истовремено;
- Одлични комуникациски и говорнички вештини;
- Умешност во работа со компјутери, задолжително познавање на Microsoft Office пакетот;
- Способност за брзо учење, адаптиција и флексибилност;
- Подготвеност за индивидуална и тимска работа.
Тип на работа
Хонорарен ангажман
Категорија на работа
Друго
Вештини и знаење

Поврзани огласи

до 20 август
Скопје
Полно работно време
Повеќе