You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија. НМСМ е основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации.

НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија. НМСМ обединува 51 организации: 17 младински организации, 20 организации за млади, 1 сојуз, 7 подмладоци на други организации и 6 придружни членки, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во Македонија.

Членството на НМСМ е разновидно, обединувајќи организации кои работат на национално и регионално ниво, рурални и урбани средини, студентски организации, ограноци на меѓународни организации и други типови на здруженија. Во процесот на остварување на своите цели, НМСМ ги застапува интересите на младите во Република Македонија без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничко и културно потекло, политичкото и верското уверување, сексуална ориентација, родов идентитет или било која друга форма на разлика.

Од 29 ноември 2015 година, Националниот младински совет на Македонија е дел од европското семејство на младински организации, Европски младински форум ЕМФ.

Опис на работната позиција

Во согласност со Организацискиот прирачник на НМСМ (член XII. Делот за Политика на раководење со персоналот; Процес на вработување, потточка вработување), и за целите на спроведувањето на проектните активности од проектот за Поддршка на изборните реформи, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, НМСМ отвара повик за грант координатор.

Координаторот на грантови ќе биде одговорен за спроведувањето на активностите доделени на Националниот младински совет на Македонија.

Работни обврски
Координирање на имплементацијата на грантовите (микро-грантовите и шемата за мобилизирање на заедницата) на дневна основа со цел да се исполнат индикаторите договорени со донаторот во согласност со утврдените рокови во рамките на одобрените буџети и работните планови;
Планирање на активностите, организирање на средби со вклучените актери, следење на критичните прашања, приоритетизирање на стратешките прашања и работење во насока на остварување на очекуваните резултати;
Работењето во тесна соработка со координаторот на проектот, водечкиот ментор експерт и ИФЕС канцеларијата во врска со прашањата поврзани со планирањето, поврзувањето на програмските и оперативните процеси и постигнувањето на планираните резултати;
Финансискo, материјално и програмско следење и евалуација на грантовите, идентификација на оперативните и финансиските проблеми, изработка на решенија;
Навремена подготовка и поднесување на извештаи за напредокот и финансиските извештаи до раководителите на НМСМ и ИФЕС;
Одржува врски со релевантните национални и меѓународни чинители;
Врши други финансиско административни работи во координација со финансискиот и административниот менаџер на НМСМ
Потребни квалификации
Завршено високо образование
5 години работно искуство во раководење со програми, и постојано демонстрирање на капацитет во водењето на ефективна имплементација на комплексни проекти, вклучувајќи и менаџирање и работа со податоци и подготвување на извештаи;
Искуство во обезбедување на влезни податоци и во координирање на спроведувањето на микро-грантови и шеми за грантови;
Искуство во обезбедувањето на поддршка во пишувањето на извештаи за проектите;
Силна способност за комуникација на англиски јазик и докажана способност за соработка и навремено испорачување на резултати во работата.
Тип на работа
Полно работно време
Плата
27000 денари месечно
Категорија на работа
Друго
Вештини и знаење

Поврзани огласи

до 13 ноември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 30 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе