За компанијата
Здружение за неформална едукација ЕВРОПСКИ КУЛТУРЕН ЕПИЦЕНТАР Битола (ЕКЕ Битола), започна со работа во 2012 година, со седиште во Битола, С.Македонија.
Како организација нудиме едукативни програми, обуки и можности за волонтирање за возрасни и млади луѓе. Се залагаме за промоција на неформалното образование, како и за поддршка на личниот и професионалниот развој на граѓаните. Посветени сме на одржлив развој, решавање на локални и глобални проблеми и промоција на активното граѓанство.
Опис на работната позиција
Отворена позиција за 1 ЕСК волонтер во ЕКЕ Битола (in country volunteering - активности на волонтирање кои се извршуваат во истата земја каде што е базирана непрофитната организација или проектот).
Европскиот Солидарен Корпус (ЕСК) има за цел да поттикне солидарност во европското општество, со ангажирање на млади луѓе и организации во достапни и високо квалитетни активности на една од акциите поддржани од самата програма.
Работни обврски
Активности на Волонтерот за подготовка на графички дизајн:
- Создавање дизајн - креирање на визуелни содржини за социјални медиуми, флаери, постери, банери, инфографици итн.
- Развивање и креирање на логоа, шеми на бои и типографија
- Волонтерски Ангажман од 30 до 34 часа неделно.
Активности на волонтерот за менаџирање на социјални медиуми:
- Развивање и креирање на содржини за социјалните медиуми
- Следење на најновите трендови на социјалните платформи
- Умешност во користењето на различни платформи за социјални медиуми (како што се Facebook, Twitter, Instagram, LinkedIn, YouTube и TikTok).
Дополнителни можности и активности:
- Организирање и поддршка на локални работилници, запознавање со Erasmus plus програмата
- Подготовка и водење на локлани работилници
- Простор за учење на административните работи
- Проектен менаџмент и логистика
Потребни квалификации
Физичко присуство за волонтерскиот период од 7 месеци во Битола (работа од канцеларијата на ЕКЕ Битола, адреса: Белрадска 27)
Познавање на Англиски јазик
Возраст од 18 до 30 години
Можност за започнување со волонтерскиот ангажман помеѓу 1 април и 1 јуни 2025
Тип на работа
Волонтирање
Плата
14000 денари месечно
Категорија на работа
Дизајн
Друго
Вештини и знаење
Графички дизајн
Веб-дизајн
Организација на настани