За компанијата
Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија. НМСМ е основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации.
НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија и моментално обединува 51 организација: 16 младински организации, 20 организација за млади, 1 сојуз, 6 подмладоци на други организации и 8 придружни членки, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во Македонија.
Членството на НМСМ е разновидно, обединувајќи организации кои работат на национално и регионално ниво, рурални и урбани средини, студентски организации, ограноци на меѓународни организации и други типови на здруженија. Во процесот на остварување на своите цели, НМСМ ги застапува интересите на младите во Република Македонија без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничко и културно потекло, политичкото и верското уверување, сексуална ориентација, родов идентитет или било која друга форма на разлика.
Од 29 ноември 2015 година, Националниот младински совет на Македонија е дел од европското семејство на младински организации, Европски младински форум ЕМФ.
Опис на работната позиција
Националниот младински совет на Македонија објавува повик за практикант или практикантка во времетрање од три месеци. Во текот на овие месеци се очекува избраното лице активно да учествува во проектите и програмските активности на здружението. За време на ангажманот, ќе се стекне искуство за функционирање на мрежни национални организации, проектно работење и проектен циклус, младинско учество и младински политики, организација на настани и друг тип на активности, градење на партнерства, интерна и екстерна комуникација.
Работни обврски
Во соработка со програмските тимови, практикантите ќе работат на:
- кампањи за промоција на теми важни за младите во Македонија, како ментално здравје, родова еднаквост, младинска гаранција, младински стандард
- видеа за промоција на проектни активности (Тик Ток и Инстаграм)
- дизајни за објави на социјални мрежи
- соопштенија за медиуми
- поддршка при организација на настани
- подготовка на промотивни материјали за организација на настани.
Потребни квалификации
Сите заинтересирани кандидати потребно е да имаат желба за:
- тимска работа
- раст и развој
- познавање на социјалните мрежи со фокус на ТикТок и Инстаграм
- повремено патување надвор од Скопје.
Тип на работа
Пракса
Плата
9500 денари месечно
Категорија на работа
Дигитален маркетинг
Дизајн
Видео продукција
Вештини и знаење
Mаркетинг на социјални мрежи
LinkedIn маркетинг
Графички дизајн
Снимање видео
Видео монтажа
Видео продукција