You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

Grouper е лансиран во 2011та година како првата платформа за купување на зделки и е game-changer во бизнисот на е-трговија во Македонија.
Денес Grouper.mk е водечки сајт за е-трговија во државата со тим посветен на секојдневно носење на нови најдобри попусти, омилените брендови на продавници и ширење на сите аспекти на е-купувањето.

Опис на работната позиција

По започнувањето на кризата во април 2020та год. го лансиравме нашиот нов проект, Grouper Shopping Mall на кој работевме во изминатиот период. Со над 250.000 Grouper регистрирани корисници, постои голем потенцијал за брз раст и развој на најголемиот онлајн трговски центар (маркетплејс платформа). Веќе на 100 компании отворија свои е-продавници како дел од Grouper Shopping Mall. Во потрага сме по нов член на тимот со пасија за унапредување и развој на Grouper Shopping Mall и искуство во областа а продажба.

Работни обврски
Комуникација и склучување на продажба со средни и големи клиенти

Пронаоѓање потенцијални соработници и остварување состаноци

Креирање и имплементирање на продажна стратегија за раст на Grouper marketplace (B2B и B2C)

Креирање на маркетинг кампањи и имплементацијата во соработка со маркетинг директорот и директорот на продажба

Предлози за подобрување на функционалности на маркетплејс

Редовен мониторинг и анализа на перформирањето и преземање на соодветни активности

Истражување, анализа и изготвување на извештаи на месечна основа
Потребни квалификации
3 години работно искуство во продажба

Oрганизациски вештини и вештини за менаџирање на луѓе и задачи

Позитивна, отворена, комуникативна и мотивирана личност

Желба за работа со луѓе и желба за работа во Grouper пред се

Способност за брзо учење и адаптирање, флексибилност и иницијатива

Работа во поле на етрговија ќе се смета за предност

Познавање на маркетплејс платформи ќе се смета за предност
Тип на работа
Полно работно време
Категорија на работа
Е-бизнис
Вештини и знаење

Поврзани огласи

до 13 ноември
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 31 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе
до 30 октомври
Скопје
Полно работно време
Повеќе