За компанијата
Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија. НМСМ е основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации.
НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија и моментално обединува 51 организација: 16 младински организации, 20 организација за млади, 1 сојуз, 6 подмладоци на други организации и 8 придружни членки, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во Македонија.
Членството на НМСМ е разновидно, обединувајќи организации кои работат на национално и регионално ниво, рурални и урбани средини, студентски организации, ограноци на меѓународни организации и други типови на здруженија. Во процесот на остварување на своите цели, НМСМ ги застапува интересите на младите во Република Македонија без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничко и културно потекло, политичкото и верското уверување, сексуална ориентација, родов идентитет или било која друга форма на разлика.
Од 29 ноември 2015 година, Националниот младински совет на Македонија е дел од европското семејство на младински организации, Европски младински форум ЕМФ.
Опис на работната позиција
Поради зголемениот обем на работа, бараме графички дизајнер, кој ќе ни помогне со креирањето интересни и забавни објави за социјалните медиуми.
Работни обврски
Креирање на дизајни за промоција на активностите на НМСМ на социјалните медиуми.
Потребни квалификации
Најмалку 2 години работно искуство како графички дизајнер.
Познавање на Adobe Photoshop и Canva.
Тип на работа
Хонорарен ангажман
Плата
27000 денари месечно
Категорија на работа
Дизајн
Дигитален маркетинг
Вештини и знаење
Mаркетинг на социјални мрежи
LinkedIn маркетинг
Графички дизајн