You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

За компанијата

Картичен процесор, портал за е-трговија, платен систем, биро за персонализација на картички

Опис на работната позиција

Одлично познавање, специјализација и искуства во развој на хардверски и софтверски решенија во Microsoft и Linux околина. Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи. Тимски дух, позитивен став и однесување. Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови. Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето. Висок личен интегритет, деловен и професионален однос. Способност за комуникација, преговарање и убедување. Вештини за презентирање. Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност.

Работни обврски
- Спроведување ревизорски прегледи на развој, планирање, одржување и дополнување на хардверски и софтверски решенија, ревизорски прегледи на сигурност на информативниот систем, утврдување на ИТ ризиците поврзани со функционирање на ИТ системи и предлагање на мерки за нивно надминување
- Следење на преземените мерки по издадени ревизорски препораки
- Извршување на детални анализи за оценка на ефективноста и ефикасноста на ревидираниот процес/функција, како и неговата усогласеност со локалната регулатива (Закон за лични податоци) и меѓународните стандарди ISO 27000, ISO 20000 и PCI DSS
- Проценка на општата ефикасност на работењето на системите и сигурност на информативниот систем
- Следење и спроведување на интерните процедури и политики во делот на ИТ и сигурност на информативните системи
- Соработка со надворешни ревизорски контроли
- Учество во проектите за примена и усогласување на работењето на Друштвото согласно барањата на меѓународните мрежи Мастеркард/Виза, законски регулативи и стандарди
Потребни квалификации
Универзитетско образование од областа на компјутерски/информатички науки, со најмалку 4 години работен стаж стекнат по завршување на високото образование, познавање на англиски јазик
Тип на работа
Полно работно време
Категорија на работа
Друго
Вештини и знаење

Поврзани огласи