нема отворени работни позиции
Приватен принт ДОО Скопје (PrivatePrint) е независна издавачка куќа и студио за интердисциплинарни истражувања и практики во современата уметност и графичкиот дизајн, од Скопје, Северна Македонија. Почнувајќи од 2015 година, нашата работа е посветена на уредување, создавање и поддршка на уметнички книги, уметнички и кураторски истражувачки проекти, уметнички текстови и сродни публикации. Врз основа на премисата дека уметноста и издаваштвото се совршениот спој кога станува збор зa демократизацијата на културата, особено во општества во кои на културата ѝ недостига добра системска уреденост и институционална поддршка, мисијата на PrivatePrint е да ги прошири идеите на уметноста и да овозможи нивна поголема достапност, како и да овозможи простор и платформа за подобра видливост и интеракција на новите уметници и уметнички практики.
Бул. Партизански одреди 62/1-4
Email: marija@privateprint.mk