You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.
Синами ДООЕЛ

нема отворени работни позиции

За компанијата

За пошироката јавност Синами е ново име на македонска ИТ сцена. Но, компанијата е одлично позиционирана на глобалната сцена и зад себе има 18 години искуство во развивање софтверски решенија за проектен менаџмент и неколку продукти кои ги користат над 4.000 клиенти од 172 земји во светот.
Својата приказна ја започна како дел од ИТ компанијата Сивус а, од пред три години се издвојува како нов, самостоен бренд, со искусни професионалци во индустријата, кои имаат над 20 годишно искуство зад себе.
На глобалната сцена компаниите ја препознаваат Синами преку нејзините продукти кои ги користат речиси две децении а тоа се Seavus Project Viewer, Schedule Reader, Schedule Cleaner I iMindQ.
Нашето портфолио на клиенти го сочинуваат 70 проценти од најуспешните Fortune 500 компании, како на пример Airbus, Rolls Royce, Blue Origin, Astra Zeneca, BMW, Tesla, SAP, McLaren, и други клиенти од многу различни индустрии.
Во оваа фаза се фокусираме на развивање софтвери во сферата на интерната комуникација на компаниите, со цел уште повеќе да ја оптимизираме нивата работа бидејќи брзата дигитализација наметна и уште побрза комуникација.
Синами се стреми да бидеме компанија двигател на дигиталното живеење и работи на исклучително технолошки напредни продукти кои се предизвик за секој ИТ професионалец.

Поврзани огласи

Оствари контакт со Синами ДООЕЛ
 
 
Коментари
Внеси оцена и препорака