You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.
Македонска развојна фондација за претпријатија - МРФП

отворена 1 работни позиција

За компанијата

МРФП е основана како резултат на соработката на МЦМС и Владата на Кралството Холандија во 1998 година, во време на зголемена невработеност, потрага по нови вработувања и самовработувања и во услови на тежок пристап до извори на микрокредити во банкарскиот сектор. Со пионерските чекори во претприемништвото, МРФП го даде својот придонес за намалување на финансиската и социјалната исклученост. МРФП успешно ги следеше и се прилагодуваше на измените во контекстот. Во досегашното работење (до 31.12.2020), МРФП исплати кредити во износ од над 3.47 милијарди МКД (56,5 милиони ЕУР) кон 16.299 клиенти, со што се поддржани вкупно 21.150 постојни и 6.156 планирани работни места. Освен финансиските, МРФП спроведува и повеќе програми во кои доминираат нефинансиските услуги.
Визијата на МРФП е зголемена вработеност, намалена сиромаштија и воспоставена социјална кохезија.
Мисијата на МРФП е поддршка на развојот на малите претпријатија.
Целна група на МРФП се мали претпријатија.
Директните клиенти на МРФП се акредитираните посредници вклучени во испорака на финансиски услуги, како и организации на претприемачи со кои развива партнерства за промоција на претприемништво.
Повеќе информации за работењето на МРФП, може да најдете на веб-страната: www.mrfp.org.mk

Поврзани огласи


Повеќе
Оствари контакт со Македонска развојна фондација за претпријатија - МРФП
 
 

Никола Парапунов 41а, 1060 Скопје

Email: mrfp@mrfp.mk

Коментари
Внеси оцена и препорака