отворена 1 работни позиција
Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ е основано во 2011 година и оттогаш стана една од водечките и брзорастечки адвокатски канцеларии во Република Северна Македонија специјализирано за корпоративно и граѓанско право. Нашата стратегија е градење на посебен пристап кон секој клиент поединечно со висок етички и професионален стандард со цел клиентите да добијат услуги кои ќе ги задоволат сите нивни потреби во целокупното деловно работење.Професионалниот и темелен пристап, креативната енергија, силната мотивација за понатамошно лично надоградување на секој адвокат посебно, но и на Адвокатското друштво како една функционална целина, ни овозможува да постигнеме високи резултати во исполнувањето на барањата и очекувањата на нашите клиенти.Правните услуги кои ги обезбедуваме опфаќаат но не се ограничени на: застапување пред надлежните судови и управни органи, изготвување и ревизија на правни документи, правни совети, основање, промени и статусни промени и нивно регистрирање во надлежните регистри при ЦРРСМ, изготвување на правни анализи и истражувања, длабински анализи на правни субјекти (due diligence) итн. Последно, но не и најмалку важно, професионалната етика е една од темелните вредности на кои се заснова Адвокатското друштво - и самиот назив на нашето адвокатско друштво потекнува од латинскиот израз bona fide што означува добра верба/намера, искрено и чесно постапување.
Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ Скопје, Скопје
ул. Јордан Хаџиконстантинов-Џинот бр. 3, Скопје
Email: contact@bonafide.mk