You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.
Loka

отворени 2 работни позиции

За компанијата

Лоцирана во Силициумската долина (Silicon Valley), Лока е консултантска компанија за технологија, специјализирана за вештачка интелигенција и машинско учење (AI и Machine Learning).
Нашата дејност е развој на апликации омоќнети од дизајн а соработуваме со Fortune 500 брендови, како и со стартапи во почетна фаза.
Лока е формирана во 2004 година од страна на Bobby Mukherjee, кој е извршен директор на компанијата во текот на целото нејзино постоење, и продолжува да биде до ден денешен.
Во 2020 година, веќе имаме претставништва во Македонија, Португалија, Колумбија и САД, каде што е и седиштето на компанијата.
За Лока семејството, можноста да се работи на проекти во значајни дејности е еквивалент на придонесување кон подобар свет! Работењето со нас подразбира преземање дополнителен чекор на патот кон придонес за подобрување на областите кои всушност влијаат на секојдневниот живот.
Семејството Лока има за цел да ги пронајде најдобрите профили на пазарот на трудот, но секогаш внимателно се осврнува и кон вештини вон техничка компетенција (soft skills).
Доколку си интелектуално љубопитен, професионална цел ти е континуиран раст и подобрување на вештините а истовремено ентузијастички сакаш да вдахнуваш живот преку развој на софтвер - си одговараме!

Поврзани огласи


Повеќе

Повеќе
Оствари контакт со Loka
 
 
Коментари
Внеси оцена и препорака