You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.
YMCA.mk / Младинска Асоцијација ИМКА Битола

нема отворени работни позиции

За компанијата

Ние сме непрофитна, граѓанска организација која нуди можности за нашите млади и активно работи со нив. Во Битола ИМКА е основана во 2002 година и спроведува активности во главно на локално ниво. ИМКА е дел од Светскато ИМКА движење кое е распространето во 119 земји кое опфаќа повеќе од 58 милиони луѓе. Нашата мисија е оспособување на младите луѓе и работа во насока на развој на нивниот вроден потенцијал преку обезбедување знаења и вештини, неопходни за младите да станат активни лидери во своите заедници. Ова го правиме преку искуствено образование кое промовира разноликост, како и развивање на академски и социјални вештини кај нив.
Работиме неформално образование за млади, нудење поддршка за младинско учество во процесите на донесување на одлуки, промовирање на младински активизам, волонтирање, здрави животни навики и градење на општество кои ги поттикнува позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе. Специфично нашиот делокруг на работа и придонес за заедницата е во две полиња:
- Младинска работа (лидерство, личен развој, младинско учество, волонтерство, зелена агенда, ментално здравје, мировна едукација) и
- Развој на заедницата (учество и придонес во изработка на закони, стратегии и политики за млади, младинска работа, младинско учество; како и за социјална одговорност, волонтерство, добротворство/филантропија, корпоративна општествена одговорност).

Поврзани огласи

Оствари контакт со YMCA.mk / Младинска Асоцијација ИМКА Битола
 
 

ул.Крушево, број 5, Битола - во Младинскиот Центар

Email: contact@ymca.mk

Коментари
Внеси оцена и препорака