нема отворени работни позиции
Напредокот и развојот на секоја држава зависи од образовниот профил и од образовниот кадар во државата, гласи мисијата на нашето училиште. Оттука произлегува и нашата визија, односно да произведеме квалитетен кадар кој по завршувањето на средното образование ќе биде конкурентен на пазарот на трудот. Во училиштето работи високо едуциран кадар кој што неуморно е посветен за квалитетен воспитно образовен процес, додека учат ученици кои можат да изберат тригодишно или четиригодишно стручно образование, и тоа: економско, правна и трговска струка, градежно, геодетска струка, здравствена струка, угостителско, туристичка струка и струка за лични услуги. По завршување на средното образование, учениците ќе се стекнат со профил на бизнис администратор, продавач референт за продажни услуги, градежен техничар, медицинска сестра, келнер и фризер. Најголем дел од запишаните ученици во училиштето се од ромска националност. Тие се нашето огледало кое не претставува на бројни училишни натпревари, од кои што можеме со гордост да кажеме дека го збогатиле бројот на освоени награди.
Вашингтонска бр.44
Email: sugs-shaipjusuf-skopje@schools.mk