нема отворени работни позиции
Ателје Ирина Тошева е во својата десета година. Препознатливи сме по тоа што излегуваме од класичното поимање на модата како примарно естетска и навлегуваме во општественото, етичкото и еколошкото поимање, создавајќи облека која е многу повеќе од чисти линии и следење на трендови. Презентираме една-две модни колекции годишно во лимитирани единици, изработуваме облека по мерка, костимографија за театарски претстави, реклами и спотови. Работата на брендот е заснована на Агендата 2030 на Целите за одржлив развој. Користиме еколошки материјали, алтернативи на памукот и материјали со различни сертификати со кои се потврдуваат еколошките, токсиколошките и социјалните критериуми. Склучуваме партнерства со различни организации, вклучувајќи маргинализирани лица во презентациите и кампањите и обединувајќи креативни дејци и индустрии во изработката на колекциите.
Кеј 13ти Ноември 20/21
Email: thedesigner@irinatosheva.com