нема отворени работни позиции
Центарот за меѓукултурен дијалог (ЦИД) е организација на граѓанското општество кое работи на промовирање на меѓукултурното прифаќање и активното граѓанство преку процеси на градење на капацитети, едукација и младинска работа. Активноста на организацијата се фокусира на многу аспекти кои се од интерес за младите: од обезбедување услуги и информации, до истражување и поддршка за креирање политики и вмрежување.ЦИД работи на создавање разновидни одговорни и кооперативни заедници каде што граѓаните активно придонесуваат за социјалниот развој и интеграција. Нашата мисија е да обезбедиме одржлив развој на заедницата преку создавање можности за квалитетен ангажман на граѓанското општество, унапредување на можностите за учење и активно вклучување на младите и другите граѓани.Да се развијат и обезбедат квалитетни можности за учење во рамките на неформалното образование за различни групиДа се понуди развој на капацитетите на граѓанското општество за директно вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки во заедницата преку инклузивни работни практики и можности за вмрежувањеДа се зголеми квалитетот на образованието и услугите за учење преку поттикнување на меѓусекторска соработка, програми за доживотно учење и иновативни алатки за образованиеДа се олеснат системите за поддршка на младите, како и механизмите за учество на младите преку квалитетна младинска работа и развој на инклузивни политики
Кирил и Методи 7л, 1300
Email: info@cid.mk