You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.
Ад Вербум ДОО Скопје

нема отворени работни позиции

За компанијата

Ад Вербум е компанија формирана во 2005 година, како агенција за преведувачки и конференциски услуги која е целосно посветена со своето работење во областа на преведување, толкување, консултирање, организирање и планирање конференции, семинари, работилници и слични настани, едукација и обука, и последните 12 години ангажирана и во областа на издаваштвото.

Тимот на Ад Вербум е насочен кон комплетно разбирање и целосно исполнување на потребите на своите клиенти, со посебен акцент на ефикасноста, ефективноста флексибилноста и квалитетот на целокупната побарана услуга од страна на клиентот.

Во изминатите 12 години, Ад Вербум ги прошири своите деловни активности во областа на издавачката дејност. Иако, релативно нов во областа на издаваштвото, Ад Вербум прави напори да биде успешен и на тоа поле, како и во другите деловни области. Со голем ентузијазам и одговорност, тимот одговорен за издаваштво, стремејќи се кон повисоки цели, успеа да објави повеќе од 200 објавени наслови.

Наши услуги:

Преведување/Толкување
Организација на семинари, конференции и различни манифестации
Логистичка поддршка
Издавачка дејност
Управување и учество во европски проекти
Едукација и обука на млади кадри

Поврзани огласи

Оствари контакт со Ад Вербум ДОО Скопје
 
 
Коментари
Внеси оцена и препорака