You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.
Адвокатско Друштво Пепељугоски

нема отворени работни позиции

За компанијата

Формирана во 1999 година од Д-р Валентин Пепељугоски, Aдвокатското друштво Пепељугоски за кратко време стана една од најпознатите во Република Северна Македонија и во регионот.
Во моментот функционира како мултидисциплинарнo адвокатско друштво кое ги покрива сите области на граѓанското и кривичното право. Адвокатското друштво Пепељугоски е специјализирано за работење во областа на правото на интелектуална сопственост (авторско право и право на индустриска сопственост), нелојална конкуренција, телекомуникации и медиуми. Неизоставен дел од полето на работа се сите гранки на деловното право како: трговско право, корпоративно управување, договорно право, финансово право, царинско и даночно право, право за заштита на потрошувачите, банкарско право, итн. Во поново време како едни од нашите најценети клиенти се јавуваат познaти компании од енергетскиот сектор во Република Северна Македонија, со што отворивме ново поле за работа на нашиот тим.
Посветеноста на нашиот тим и квалитетот на извршената работа ни овозможија да станеме лидери и во областа на деловното и договорното право, за што многупати сме биле повикани како експерти-консултанти за голем број јавни и приватни компании.

Поврзани огласи

Оствари контакт со Адвокатско Друштво Пепељугоски
 
 
Коментари
Внеси оцена и препорака