нема отворени работни позиции
Визија на здружението е: Нулта општествени ризици и општество без жртви, додека, пак, мисијата се однесува на: Иницирање и спроведување општествените промени со експертски, иновативен и флексибилен пристап за справување со општествени ризици преку идентификација, едукација, превенција и поддршка. Долгорочни цели на Здружението претставуваат: Добро информирани и зголемен број на едуцирани лица за препознавање, разбирање, како и превенирање на статус жртва, како едно од најгрубо кршење на човековите права; Воспоставен одржлив систем и политики за превенција, проценување, планирање, интервенирање, континуирано следење и евалуација на состојбите за лица во ризик; Зајакнати организациски капацитети за поддршка на ранливи групи и помагање на граѓани кои се наоѓаат во состојба на потенцијален и реален ризик; Иновативни идеи и решенија произлезени од потенцијалот и реалните потреби на самите жртви низ призмата на социјалното претприемништво, со цел намалување на бројот на лица во ризик; Имплементирани модели за ресоцијализација и реинтеграција на жртви со цел спречување ексклузија и маргинализираност на овие лица во општеството. Освен наведените главни цели, кои што меѓу другото се стратешки, истите се надополнуваат со уште 19, кои практично се во нераскинлива корелација со горенаведените.
Ул. Дејан Војвода бр. 45-2/5
Email: victimskopje@gmail.com