нема отворени работни позиции
Бионика Фармацеутикалс e производствена компанија за фармацевтски цврсти, полуцврсти и течни дозирани форми. Големината и капацитетот на Бионика е дизајниран да ги задоволи барањата на регионалниот пазар како и сите највисоки стандарди што ги бара глобалната фармацевтска индустрија. Процесите во производството, лабораторијата за контрола на квалитет, микробиолошката лабораторија како и лабораторијата за истражување и развој, ги исполнуваат најновите барања на Добрата производствена пракса (GMP) и Лабораторија за контрола на квалитет која работи во согласност со начелата на Добрата Производна Пракса, стандарди за производство и квалитет на цврсти , полуцврсти и течни дозирани форми. Магацинскиот простор во целост ги задоволува барањата на Добрата пракса во чувањето на лекови (Good Storage Practice). Инсталираниот систем SCADA во магацините ја регистрира и автоматски регулира температурата и влажноста на воздухот, со што овозможува квалитетни услови за чување на складираните производи.Основни вредности на Бионика Фармацеутикалс се:Политика на висок квалитет;Постојано следење и прифаќање на иновациите во фармацевтската индустрија;Градење на блиски деловни односи со сите целни клиенти и крајни потрошувачи;Флексибилност и прилагодливост на понудата според барањата на клиентите и потрошувачите;Еднаков третман на пазарите;Грижа за животната средина и општествена одговорност.
Ул. Скупи бр.57, 1000 Скопје
Email: emilija.krstevska@bionikapharm.com