You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.
Рурална Коалиција

нема отворени работни позиции

За компанијата

Рурална Коалиција е граѓанска организација која што делува како неформална коалиција на 58 здруженија кои што делуваат во секторите земјоделство, локален и рурален развој, млади, социјална инклузија и родова еднаквост, климатски промени, а активно придонесува кон развојот на малите грас рут организации во локалната заедница, подобрување на квалитетот на живот, како и пристапот до услугите на институциите во руралните средини. ЕУ интеграциите, едукацијата, застапување и влијание на политиките на национално и локално ниво, рамномерен регионален развој се само дел од стратешките приоритети на кои што работи Коалицијата. Руралната коалиција веќе е препознатлив партнер на локалните здружениjа и руралните заедници, кој што опфаќа повеќе сегменти на делување започнувајќи од grass root активности, па се до мониторинг, следење на законска локална, национална и ЕУ регулатива, креирање на документи за јавни политики и влијание. Основач е и на Локалната Акциска Група Треска која што делува на териториите на општините Кичево, Пласница и Македонски Брод вклучувајќи ги сите локални чинители, а во рамките на Коалицијата активни се и две неформални тела: Рурална Младина и Рурално Женско Лоби.

Поврзани огласи

Оствари контакт со Рурална Коалиција
 
 
Коментари
Внеси оцена и препорака