You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.
Здружение на граѓани Младите можат

нема отворени работни позиции

За компанијата

Младите можат е здружение на граѓани формирано од млади за млади на 28 мај, 2009 година.

Цели во кои веруваме и ги застапуваме се:
покревање на свеста кај младите луѓе за активно граѓанство,
давање можности на младите луѓе за реализација на младински иницијативи и креативно изразување на нивните мислења и ставови, иницирање на личен развој на младите луѓе преку младинска работа и неформално образование промоција на човекови права и слободи на младите луѓе.

Зошто постоиме?
Постоиме за да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека МОЖАТ самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството.

Во што веруваме?
Веруваме дека младите луѓе можат да земат активно учество во развојот на своите заедници и преку младински и социјален активизам како моќни алатки за општествена промена можат да одговорат на своите потреби во заедницата.

Поврзани огласи

Оствари контакт со Здружение на граѓани Младите можат
 
 
Коментари
Внеси оцена и препорака