You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.
ИНТЕРАКТИВ - Битола

отворени 3 работни позиции

За компанијата

Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ од Битола е непрофитна, граѓанска младинска организација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина но и соработка со младите на меѓународно ниво. Здружението е основано во јули, 2017 година во Битола, Република Македонија. Целта на здружението е да развива активности и можности за младите во сферата на неформалното образование, промовирање на здрави животни навики, културата и уметноста како и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности кај младите луѓе.
Активноста на организацијата се фокусира на многу аспекти кои се од интерес за младите: од обезбедување на услуги и информации, до истражување и поддршка за креирање политики и мрежно поврзување. ИНТЕРАКТИВ работи на создавање на различни одговорни и кооперативни заедници каде што граѓаните активно придонесуваат за социјалниот развој и интеграција. Нашата мисија е да обезбедиме одржлив развој на заедницата преку создавање на можности за квалитетно ангажирање на граѓанското општество, унапредување на можностите за учење и активно вклучување на младите луѓе и другите граѓани.

Поврзани огласи


Повеќе

Повеќе

Повеќе
Оствари контакт со ИНТЕРАКТИВ - Битола
 
 
Коментари
Внеси оцена и препорака