нема отворени работни позиции
ОЖОСВН дејствува како невладина, непрофитна и независна организација од Декември 1990 година. Визија: ОЖОСВН е водечка сила на женското и граѓанското движење, која создава позитивни промени во општеството и придонесува за општа благосостојба на сите граѓани. Мисија: ОЖОСВН активно работи за подобар квалитет на живот на граѓаните и граѓанките и почитување на човековите права со акцент на правата на жените и девојките.Работи на трите програми: Програма за човекови права со акцент на правата на жените, Програма за деца и млади и Здравствена програма.Цели: - Придонес кон подобра здравствена заштита на населението во Македонија;- Подобрена положба на децата и младите во заедницата и нивно вклучување во општествените текови;- Почитување и унапредување на човековите права, со акцент на правата на жените.ОЖОСВН е професионална и одговорна организација која делува на транспарентен и партиципативен начин и ја цени и негува стручноста во својата работа и применува доверливост при работа со целна група онаму каде и кога за тоа има потреба. Клучните вредности кои ги промовира се: професионалност, одговорност, партиципативност, доверливост и стручност, јасните цели на делување и соработка. Постојат пишани правила за етичко однесување, отворена средина во која секој слободно ги изразува своите идеи и мислења.
Ленинова 1-1/4, 2220 Свети Николе
Email: womsvetinikole@yahoo.com